Колку долго може сладоледот да стои во замрзнувач без да се отруете?

Како и сите други намирници, сладоледот има рок на траење. Како и сите намирници што се чуваат во замрзнувач, сладоледот се расипува бавно, но не трае вечно.
Рокот на траење на сладоледот зависи од условите во вашиот замрзнувач и видот на садот во кој го чувате. Затоа, важно е правилно да го складирате, како и да го препознаете расипаниот сладолед.
Во зависност од неколку фактори, сладоледот може да трае до шест месеци во замрзнувачот. Секој купен сладолед има датум на истекување означен на пакувањето. Повеќето експерти за безбедност на храната веруваат дека тој датум може да се помести за неколку месеци.
Вообичаено, домашниот сладолед не трае толку долго како оној што сте го купиле во продавницата, а причината делумно се должи на недостатокот на конзерванси во домашниот сладолед, но и затоа што дома често се користат несоодветни, слаби или порозни садови, што го забрзува неговото расипување.
Како и сите замрзнати прехранбени производи, сладоледот што се чува на ниска температура трае подолго. Ова значи дека времето што сладоледот го поминува на собна температура треба да се минимизира. Исто така, важна е и правилната температура на замрзнувачот, а идеално треба да биде поставена помеѓу -18 и 0 степени.
Иако замрзнувачите и фрижидерите го забавуваат растот на бактериите, тие не го спречуваат целосно. Поголемиот дел од сладоледот содржи многу шеќер, што е храна за потенцијално штетни бактерии. Сладоледот што бил изложен на патогени што се пренесуваат преку храна може да не покажува видливи знаци на расипување. Затоа треба да се следат правилата – како што е избегнување на одмрзнување и повторно замрзнување – за да се намали ризикот.
Покрај тоа, можете да забележите ситни кристали мраз на површината на сладоледот – ова се случува поради губење на влага во храната, кога сув и ладен воздух продира во садот за складирање.
Таквиот сладолед е безбеден за јадење, иако нема да има ист вкус. Можете да го отстраните горниот слој на кристализација и да го изедете остатокот, но имајте предвид дека текстурата на преостанатиот сладолед може да биде ледена и помалку кремаста.