Колку честото консумирање алкохол влијае на вашиот сон


Алкохолот е еден од најчесто консумираните пијалоци, и иако многу луѓе го користат за да се релаксираат, неговите ефекти врз спиењето често се потценети.

Многу луѓе мислат дека пиењето пред спиење им помага полесно да заспијат, но алкохолот сепак има многу негативни ефекти врз квалитетот на сонот. Имено, конзумирањето алкохол може да ги наруши природните циклуси на спиење, особено РЕМ фазата, која е клучна за менталниот одмор.

Иако изгледа дека алкохолот ви помага да спиете, неговите седативни ефекти се намалуваат, што доведува до чести будења во текот на ноќта и намалување на времето што го поминувате во РЕМ фазата на спиење, пишува Marca.

Како што телото преработува одредени дози на алкохол, тоа доведува до дехидрација и честа потреба за мокрење, што резултира со повеќе станувања за во тоалетот во текот на ноќта. Сето ова го попречува сонот и може да доведе до зголемено чувство на замор.

Исто така, недостатокот на мирен сон поради честото консумирање алкохол може да придонесе за проблеми со менталното здравје како анксиозност и депресија. Добриот одмор е неопходен за одржување на здрава емоционална и ментална рамнотежа.