Кој ќе ги добие клучните позиции во ЕУ по изборите?


Пред една недела граѓаните на Европа гласаа за нов состав на Европскиот парламент. Сега лидерите од ЕУ на вечера во Брисел ќе дискутираат околу важни персонални прашања. Вечерва (17.06), на почетокот на средбата, со нив ќе биде и Урсула фон дер Лајен, но нема да присуствува на самата вечера, на која ќе се одлучува за нејзината политичка иднина.

Шефовите на држави или влади на ЕУ ќе разговараат за последиците од изборниот резултат. Некои од нив имаа прилика за тоа уште на маргините на самитот на Г7 во Италија и на конференциите за Украина во Швајцарија и во Берлин. 27-те членки на ЕУ ќе разгледуваат кое партиско семејство ќе ги добие кои клучни функции.

Целиот текст тука