Кој е човекот што му удри шлаканица на Макрон?
Човекот за кој се тврди дека му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон, нема криминално досие и води клуб за љубители на средновековно мечување.
Полициски извор го идентификува осомничениот како Демијан Тарел (28), пренесе Ројтерс.
Тој е под истрага за напад на јавен функционер, вели локалниот обвинител.
Макрон, кој се наоѓа на турнеја за да го почувствува „пулсот на земјата по пандемијата“, беше удрен во јужна Франција додека се поздравуваше со граѓаните.
Тарел повика „Долу макронија“ како боен извик на француската војска во времето кога земјата беше монархија. Извор близок до истрагата вели дека се работи за некој што е „малку изгубен, малку неприлагоден, малку си игра“.
Тарел и уште еден маж се наоѓаат во полициски рпитвор, додава изворот.
Обвинението за напад на јавен финционер предвидува максимална казна затвор од три години и глоба од 45.000 евра.