Кои се најбрзорастечките технолошки компании во Централна Европа


Дури 21 фирма од Чешка се најдоа меѓу педесетте најбрзорастечки технолошки компании во Централна Европа во публикацијата што ја изготвува „Делоит“. На годинашнава ранг листа се најдоа и 15 компании од Полска, пет од Хрватска, три од Бугарија, две од Словачка и по една од Естонија, Латвија, Литванија и од Косово.

Првото место на рангирањето во 2020 година го освои полската компанија Packhelp S.A., чија мисија е пристап до сопствен брендиран пакет. Packhelp S.A. ги поврзува малите и средни бизниси со концепт кој премногу често се занемарува или се остава во последен момент – обичната амбалажа. Притоа, Packhelp S.A се состои од делови од индустријата за печатење, индустријата за пакување и современиот свет на графички дизајн.

Второто место и припадна на DoDo , чешка компанија која користи моќ на вештачка интелигенција со цел да ја олесни последната милја и да го поедностави животот на клиентите и компаниите. DoDo во моментов е технолошки лидер со своето решение управувано од податоци и агилните процеси.

Третото место на рангирањето го доби чешката UlovDomov.cz, онлајн пазар за изнајмување станови, кој ги агрегира списоците на интуитивен интерфејс базиран на мапи.

„Трите лидери на нашето рангирање за 2020 година поставија пример за тоа како свежо размислување, екстремно технолошоко know-how и решеноста да се направи светот подобро место комбинирајќи да имате позитивно влијание врз луѓето, општеството и животната средина“, вели во воедот на публикацијата директорот на „Делоит Централна Европа“, Јарек Скврна.

Рангирањето е извршено врз основа на растот на приходите во текот на четири години (од 2016 до 2019 година), при што компаниите мора да имаат основни оперативни приходи од 50.000 евра во 2016, 2017, 2018 година и приходите од работењето во тековната година (2019 година) од најмалку 100.000 евра.

Еден од критериумите е сопствена интелектуална сопственост или сопственост на технологија, продадена на клиенти преку производи што најмногу придонесуваат во оперативните приходи на компанијата. Во рангирањетто може да учествуватат фирми чие седиште е во една од централноевропските земји (Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Косово, Летонија, Литванија, Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка или Словенија).

Победниците се избираат врз основа на рангирање на нивниот раст на приходите во текот на четири години од 2016 до 2019 година.

Технолошките компании сами се номинираат за оваа програма, и тоа од следните сектори: комуникации; еколошка технологија; финтек; хардвер; здравство и животни науки; медиуми и забава; софтвер.

„Делоит“ ова рангирање го прави веќе 21 година.

Покрај главната категорија „50 најбрзо растечки“ има и уште една „Ѕвезди во подем“ во која спаѓаат „млади“ компании со потенцијал за раст, односно компании кои работат помалку од четири години.

Новата категорија годинава е „Ѕвездите на позитивното влијание“, во која признание им се дава на компаниите кои успешно комбинираат одлични производи или услуги со позитивно влијание во барем една од петте области – општество, бизнис, иновации, животна средина и разновидност.

Според активноста, на списокот најмногу доминираат софтверски компании, вкупно 30. Сето ова, според „Делоит“, покажува дека регионот на Централна Европа е во фокусот на креативноста и иновативноста, но и на доброто „здравје“ на технолошкиот сектор, што го покажува исклучителната брзина со која компаниите се развиваат и растат.