Кои се најбогатите учесници на Олимписките игри?


Многу олимпијци, освојувачи на златни, сребрени или бронзени медали, претставуваат луѓе богати со дух, но и со пари…
Како што е познато, светот на спортот е исполнет со многу предизвици. Ако сакате да бидете успешни, мора да бидете подготвени на многу жртви, постојан напор и работа и понекогаш мора радикално да го промените својот живот. Сепак, професионалните спортисти кои се свесни за сето ова, знаат дека тоа ќе се исплати на крајот, кога ќе слават, ќе постигнат неверојатен успех и ќе ги добијат своите први спонзори.
Ако освојат медал на престижен настан како што се Олимпијадата, тие често добиваат премија од нивните спонзори, тимовите и од земјите што ги претставуваат. Во случај некогаш да сте се запрашале кои се најбогатите олимпијци во светот, ви предлагаме да ја проследите топ 10 листата, пренесува Лукслајф.рс.

10. Шон Вајт – 60 милиони долари

Овој американски сноубордер освои три златни медали на Олимписките игри и стана милионер пред да наполни дваесет години. Покрај годишниот приход од 10 милиони долари што ги добива од договори со компании, вклучително и Бартон Сноуборд, Брдхаус скејтбордс , Парк Сити маунтаин ресорт, Адио, Ред Бул, Таргет, Оукли, Хјулит-Пакард, Т-Мобиле, Веризон, ГоПро, Битс Би Дре, Сони, Маунтајн Дју и Убисофт, тој заработува многу од неговите инвестиции во светот на недвижностите. Покрај тоа, Шон се обиде и како актер, тој има своја видео игра, музички нумери и модна линија.

9. Мајкл Фелпс – 80 милиони долари

Американскиот пливач го држи рекордот за најмногу освоени медали на Олимписките игри – ги има 28, со 23 соборени рекорди. Директната заработка од неговата кариера изнесува скромни 1,9 милиони долари, но неговиот имиџ е она од што може да профитира. Годишно, тој заработува 9,8 милиони долари од спонзорски договори, додека има потпишано бројни договори за книги и филмови, уживајќи и во улогата на инфлуенсер на социјалните мрежи.

8. Усеин Болт – 90 милиони долари

Сега веќе пензионираниот атлетичар, кој има триесет и четири години, продолжува да заработува од неговите профитабилни договори, од кои добива приближно 20 милиони долари годишно. Брендови како Puma, Gatorade, Visa, Virgin Media и Hublot се негови спонзори.

7. Џорџина Блумберг – 100 милиони долари

Ќерката на милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, Џорџина, е професионален скокач и ја претставуваше репрезентацијата на САД на Олимписките игри во 2016 година. Љубовта кон спортот и животните ја направи вистински филантроп, бидејќи е позната низ целиот свет. Џорџина го основала Rider’s Closet, организација која собира користени алишта за јавање и ги донира на специјални програми, додека таа исто така е во одборите на бројни организации за заштита на човековите права и животните.

6. Кејтлин Џенер – 100 милиони долари

Кејтлин Џенер ја однесе победата на Олимписките игри во 1976 година во машкиот десетобој. Нејзината олимписка кариера ѝ донесе спонзорства од компании како што се IBM и Coca-Cola, додека исто така беше дел од бројни ТВ-ријалити програми, како што се Keeping Up With The Kardashians, I’m a Celebrity… Get Me Out Here и I Am Cait. Покрај тоа, таа има напишано мемоари, често се појавува како мотивациски говорник и има спонзорски договори со компании како што е MAC Cosmetics.

5. Серена Вилијамс – 225 милиони долари

Поранешната светска тенисерка број еден, исто така, три пати освојуваше злато на Олимписките игри. Нејзините приходи од награди на турнири достигнуваат речиси 94 милиони долари, што е двојно поголема заработка во однос на приходите на другите спортистки. Во просек, Вилијамс заработуваше повеќе од 8 милиони долари годишно во текот на нејзината тениска кариера, заработувајќи уште 20 милиони долари во истиот период благодарение на спонзорските договори со компании како Најк, Вилсон, Астон Мартин, Пепси, ИБМ, Интел и други. Исто така, таа е сопственичка на Серена Вентчрс, компанија која инвестира во стартапи и бизниси низ целиот свет, додека нејзината модна линија Aneres и S by Serena, исто така, носат значителни суми пари.

4.Роџер Федерер – 450 милиони долари

Легендата за швајцарскиот, но и светскиот тенис, повторно нема да биде во ситуација да се натпреварува за златната медала на Олимпијадата поради повреда на коленото. Триесет и девет годишникот продолжува да биде шампион во своите спонзорски договори, соработувајќи со тринаесет брендови како Ролекс, Мерцедес-Бенц, Барила, Моет & Шандон и Уникло. Освојувачот на дваесет гренд слем титули е еден од двајцата активни спортисти кои заработија 100 милиони долари од своите спонзорства – другиот е Тајгер Вудс.

3. Флојд Мајведер Џуниор- 1,2 милијарди долари

Американскиот боксер, освојувачна бронзен медал на Олимписките игри во 1996 година, неодамна тврдеше дека е милијардер, со богатство проценето на 1,2 милијарди долари, наместо на 450 милиони долари, како што тврдат медиумите. На 44 години, тој исто така тврдеше дека голем дел од неговата заработка доаѓа од два големи меча – УФЦ со Конор Мекгрегор (350 милиони долари) и со Мани Пакјао (300 милиони долари). Боксерот заработува најмногу од неговите професионални борби, но тој честопати се расфрла со своите пари, што може да се види на неговиот профил на Инстаграм.

2. Ана Каспрзак – 1,4 милијарди долари

Ана Каспрзак е данска јавачка која учествуваше на ОИ во 2012 и во 2016 година. Со страст кон коњите, таа има приватна штала за дресура во Хадерслев, Данска. Како што се дознава, таа јава коњи професионално, но и од задоволство, а нејзиното огромно богатство доаѓа од компанијата Еко, дански производител на обувки, чиј е наследник, заедно со нејзината мајка и брат. Генерирајќи приходи од 1,5 милијарди долари годишно, Ecco ги продава своите производи во 90 земји во светот. Со богатство од 1,1 милијарди долари во 2019 година, Ана беше една од осумте милијардери со помалку од 30 години и се рангираше меѓу најбогатите миленијалци.

1. Јон Тиријак – 1,7 милијарди долари

Веројатно сте изненадени од фактот дека најбогатиот Олимпиец во светот потекнува од Романија – поточно градот Брашов. Јон Тиријак, таканаречениот Брашовски булдожер, сега има 82 години и учествуваше на Олимпијадата во 1964 година како дел од хокеарскиот тим, пред да се прослави како тенисер, а потоа и тренер на ѕвезди. Тенисот го направи милионер, но деловниот свет ги претвори неговите милиони во милијарди. Целата приказна започна по падот на комунизмот во Романија, кога тој ја основа Tiriac банката, првата приватна банка во земјата, која подоцна се впушти во инвестиции, вклучувајќи осигурување, лизинг за куќи, продажба на автомобили, недвижен имот и локални авиокомпании. Во 2007 година тој беше на списокот на 1.000 најбогати луѓе во светот и стана првиот Романец кој се најде на таа листа. Според наводите, во 2014 година, тој бил прогласен за најбогат спортист во светот, преземајќи го приматот од Мајкл Џордан.