Кога е сигурно да бидете покрај некој што оздравел од Ковид-19?
Корона вирусoт продолжува да се шири во светот и се зголемуваат изгледите дека ќе знаете барем еден човек што боледувал од Ковид-19, а ако се во вашето најблиско опкружување се поставува прашањето колку време е потребно за опоравување и за сигурно воспоставување личен контакт.
Со корона вирусот, главно, може да се заразиме по пат на респираторни капки и честички во воздухот, најчесто, кога заразениот кашла, кива, разговара или пее во непосредна близина на некој кој ризикува да биде заразен.
Заразениот може, но не мора да има симптоми. Многу луѓе со корона вирус може да очекуваат да добијат симптоми во рок од 11 дена, иако периодот на инкубација е од три до 14 дена.
Зависно од тежината на болеста, може да потрае седмица или две, кога станува збор за поблага форма на болеста, или повеќе од шест седмици ако се работи за сериозен случај кој бара и хоспитализација. Долгорочните последици од болеста може да траат и со месеци.
Според Центрите за контрола и превенција на болестите, од симптомите, посебно од нивната отсутност, зависи кога ќе биде сигурно да се биде во близина на некој кој имал Ковид-19. Секоја ситуација е различна, но стручњаците сметаат дека постојат три главни категории.
Првата е да поминат 10 дена од почетокот на симптомите на заболениот, да нема температура (без земање какви било лекови за намалување на температурата) најмалку 24 часа, нивните симптоми како кашлица или отежнато дишење да се подобрени.
Важно е да се спомне, дека луѓето кои ќе оздрават од Ковид-19 и понатаму може да имаат некои долготрајни симптоми, како отежнато дишење, умор или кашлица, или главоболки. Тоа не мора да значи дека тие лица се заразни. Само им треба подолго време да се опорават.
Во други случаи, ако лицето имало позитивен тест на Ковид-19, но немало симптоми, стручњаците велат дека може да бидат во близина на други луѓе кога ќе поминат 10 дена од тестирањето. Секој кој има ослабен имунолошки систем, може ќе треба да остане дома подолго од 10 дена.
За оние кои имале близок контакт со лице кое има Ковид-19, Центрите за контрола и превенција препорачуваат да останат дома 14 дена по изложувањето. Може да помине и до две недели без симптоми.
Но, од Центарот за контрола и превенција признаваат дека двоседмична изолација може да претставува економска потешкотија за луѓето и затоа додале две нови можности. Лицата кои можеби биле изложени на вирусот, но не развиле симптоми, може да ја прекинат изолацијата на 10 или седмиот ден, но ако имаат негативен тест.
Стручњаците во секој случај препорачуваат носење маски и развивање на свеста за социјална дистанца.