Кога е најдобро време да јадете слатки? Во ова време е најмалку штетно, нема да ви скокнат шеќерот и килограмите


Ве мачи желбата за слатки, но сакате да го зачувате вашето здравје и витка линија? Еве совет!

Кога јадеме слатки, најголемиот дел од шеќерот се апсорбира во тенкото црево, а гликозата влегува во крвотокот. Потоа, нивото на шеќер во крвта се зголемува, предизвикувајќи панкреасот да ослободува инсулин.

Токму овој хормон им овозможува на клетките да ја апсорбираат гликозата од крвта. Оттука, постојат две можности – гликозата веднаш да се искористи како енергија или да се складира – како маснотии.

Брзиот пораст на шеќерот во крвта може да биде проследен со подеднакво ненадеен пад, предизвикувајќи замор и глад. Прекумерното консумирање слатки може да предизвика зголемување на телесната тежина, а долгорочно да доведе до дијабетес тип 2, срцеви заболувања и метаболички синдром. Последици може да бидат замастен црн дроб, како и отпорност на инсулин.

Затоа е важно умерено да се консумира слатката храна, а предност треба да се даде на шеќерите во овошјето и зеленчукот. Тие секогаш доаѓаат со дополнителни, вредни состојки како што се влакна, витамини и минерали.

Покрај фруктозата во овошјето, шеќерот го добивате и во млекото (лактоза), а популарните урми содржат и фруктоза, гликоза и сахароза! Иако сите овие шеќери на крајот се претвораат во гликоза, дополнителните состојки ќе ја забават нејзината апсорпција во крвотокот.

Ако треба да јадете слатки, најдобро е тоа да го правите после ручекот, а порцијата да биде што помала. Бидејќи нивото на инсулин е веќе покачено, постои помал ризик од неговиот скок. Исто така, организмот има време да консумира нова количина на гликоза.