Кога да употребите алуминиумска, а кога најлонска фолија?
Бидејќи ниту најлонската, ниту алуминиумската фолија не се добри за животната средина, секогаш е препорачливо да ги избегнувате.
За печење користете хартија за печење, а преостанатата храна ставете ја во сад со капак. Сепак, не е секогаш можно да се избегне употребата на фолија, па затоа е добро да се знае кога да се користи.
НАЈЛОНСКА ФОЛИЈА
Пластичната фолија е одлична бидејќи ја продолжува свежината на храната што сте ја завиткале во неа. Најдобра е за чување храна во фрижидер или во остава.
Еве начини како ефикасно да ја користите:
Спречете ги бананите да скапат така што ќе ги завиткате стебленцата со пластична фолија
Над кутијата за сладолед ставете фолијата и дури потоа затворете го капакот. Така ќе спречите замрзнување на сладоледот
Направете стапица за овошни мушички. Презрееното овошје ставете го во тегла, покријте го со најлонска фолија и потоа со чепкалка направете мали дупки.
АЛУМИНИУМСКА ФОЛИЈА
Доброто кај алуминиумската фолија е што може да ја реупотребите неколку пати, освен ако не сте чувале сирово месо или риба во неа.
НИ СЛУЧАЈНО не ја ставајте во микробранова печка.
Еве како можете да ја користите:
- Ставете ја во тавче за да се намали употребата на масло или путер.-
- Користете ја за печење – само завиткајте парче пилешко или мисиркино во фолија и ставете го во рерна или на скара. Исто така, на овој начин може да испечете и главица лук
- Пакувајте сендвичи или месо во неа или користете ја за покривање садови со храна за да ја задржите топлината
- Доколку печете месо, риба или зеленчук и сакате да спречите да се залепат на тавата, наместо алуминиумска фолија ставете хартија за печење на дното на тавата.
- Алуминиумската фолија користете ја само за јадења за кои е потребно повеќе време за подготовка.