Кое седиште во автомобилот е најопасно, а кое најсигурно во случај на несреќа


 

 

Често се мисли дека сопатникот во предниот дел на автомобилот има најголема веројатност да загине во сообраќајна несреќа.

Меѓутоа, белгискиот институт за безбедност на патиштата ВИАС тврди дека тоа не е така.

Институтот ВИАС укажува дека возачот на автомобилот е поранлив од другите патници. Возачот е изложен на 37 отсто поголем ризик од смрт во сообраќајна несреќа отколку сопатник, а дури 47 отсто повеќе од оние што седат на задното седиште во моментот.

Најбезбедно место во автомобилот е на средината на задното седиште. Услов е да има трикратен безбедносен појас и да го користи патникот во возилото. Во овој случај, вашите шанси за преживување се зголемуваат за 25 проценти во споредба со другите патници на задните седишта.