Клуни побара од медиумите да ги заштитат децата на славните личности

САД- Џорџ Клуни ги повика медиумите да престанат да објавуваат фотографии од славни деца – вклучително и негови – велејќи дека тоа е прашање на безбедност.
Актерот конкретно испрати писмо до Дејли Мејл до кое дојде „Тудеј“, откако ги виде фотографиите на едногодишното дете на Били Лорд во таблоид.
„Откако штотуку ги видовте фотографиите од едногодишното бебе на Били Лорд во вашата публикација, и фактот дека потоа ги симнавте тие фотографии, ќе ве замолиме да се воздржите од ставање на лицата на нашите деца во вашиот медиум“ напиша Клуни на Мејл.
Тој продолжи: „Јас сум јавна личност и ги прифаќам честопати наметливите фотографии како дел од цената што треба да ја платам за извршување на мојата работа. Нашите деца не направија таква обврска“.
Клуни рече дека поради природата на работата и на неговата сопруга Амал Клуни, тие преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да го зачуваат целото семејство безбедно.
„Не можеме да ги заштитиме нашите деца ако некој медиум ги стави нивните лица на нивната насловница“, рече тој. „Никогаш не сме продале слика од нашите деца, не сме на социјалните мрежи и никогаш не објавуваме слики бидејќи ако го сториме тоа би ги загрозиле нивните животи. Ова не е параноична опасност, туку реални проблеми, со реални последици“.
„Се надеваме дека ќе се согласите дека потребата за продажба на реклами не е поголема од потребата да се чуваат невините деца да бидат мета“, заклучил Клуни.
Клуни и неговата сопруга имаат две деца, близнаците Ела и Александар.