Ќе се воведат блок тарифи за потрошувачка на струја по пониска цена
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) најави дека кон крајот на јануари или почетокот на февруари ќе воведе блок тарифи со кои ќе се обезбеди потрошувачка на струја по пониска цена.
Како што соопшти претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, рестрикциите не се опција.
Бислимовски на прес-конференција соопшти дека електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 9,48 проценти, а од 1 јануари ќе се укине и дневната евтина тарифа. Со оваа одлука, РКЕ смета дека ќе нема потреба од ново зголемување на цената, но состојбата на пазарот ќе се следи.