Ќе се набавуваат 100 нови модерно опремени амбуланти возила


Фото: Б. Грданоски

Амбулнатни возила, ќе набавува Владата во следниот период, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање со оглед дека сегашните се застарени.

Тој рече дека на последната седница на Владата е донесена одлука за почнување набавка за купување 100 нови модерно опремени амбулантни возила.

– Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата, бидејќи таму луѓето се потпираат на оние возила кои се донација. Како Влада на последната седница донесовме одлука за отпочнување на 100 нови модерно опремени возила, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата – вели премиерот Мицкоски.