Ќе биде ли и Груевски дел од Советот на Бесими во СЕФФ


фатмир Бесими со некои од поранешните министри за финансии

 

Сите поканети поранешни министри за финансии се одѕвале на поканата на актуелниот прв финансиер, министерот Фатмир Бесими, да бидат дел од иницијатива за формирање Совет како експертско тело кое ќе биде дел од Скопје економскиот форум, (СЕФФ), на кој ќе се разгледуваат актуелни прашања и теми за кои што е потребен консензус во општеството.

Сепак, не е јасно дали меѓу поканетите е и Никола Груевски, кој пред да биде премиер, неколку години беше и министер за финансии. Тој функцијата ја извршуваше од 1999 до 2002 година.

Од Министерството вчера соопштија дека е одржана прва средба на поранешните министри за финансии со Бесими, на која присуствуваа Џевдет Хајредини, Таки Фити, Никола Поповски, Зоран Ставрески, Трајко Славески и Кирил Миноски. Другите, како што појаснуваат од Министерството, кои ја вршеле оваа функција од објективни причини не присуствуваа на средбата, но интенцијата е и тие да бидат дел од Советот.

Поради професионални обврски на средбата не дошла Нина Ангеловска, Петар Гошев исто така не бил во можност да присуствува, а Драган Тевдовски е во Вашингтон, каде што е претставник на Северна Македонија во Светска банка. Исто така, иницијативата ја прифатил и Борис Стојменов, но и тој бил спречен да присуствува на средбата.

Како што објаснија од Министерството за финансии, Советот на поранешни министри ќе претставува тело кое ќе функционира како дел на СЕФФ и истиот ќе биде активен во текот на целата годината за прашања и теми важни за економскиот развој на земјата.

Улогата на Советот е да даде солидна основа на Форумот во градењето кредибилни економски политики преку инклузивен и транспарентен процес. Тоа ќе биде пред се тело на експертско ниво во кое искуството и знаењето на неговите членови ќе претставуваат додадена вредност во креирањето на политиките, појаснуваат од Министерството.

Досега вкупно 15 лица ја извршуваа функцијата министер за финансии.

Прв министер за финансии во тогашната експертска влада беше Методија Тошевски, кој функцијата ја извршуваше од 20 март 1991 година до 4 септември 1992 година. По него министри за финансии беа и Џевдет Хајредини, Јане Миљовски, Таки Фити, Борис Стојменов, Никола Груевски, Петар Гошев, Никола Поповски, Трајко Славески, Зоран Ставрески, Кирил Миноски, Драган Тевдовски, кусо време беше и премиерот Зоран Заев, а потоа Нина Ангеловска и Фатмир Бесими. Еве кога ја извршувале функцијата (графика: Википедија