Кина ќе развие моќен систем за модификација на временските прилики
Државниот совет на Кина најави дека оваа земја ќе развие систем за модификување на временските прилики до 2025 година/
Системот за модификување на временските прилики ќе покрива 5,5 милиони квадратни километри и ќе може да произведе вештачки дожд, додека на подрачје од 580.000 квадратни километри ќе спречува град.
До 2035 година оваа технологија ќе треба да биде достапна секаде во светот.
Ова не е прв пат Кина да си „игра“ со времето. Во текот на Олимписките игри во пекинг 2008 година, Кина користеше засјајување на облаците за да се намалат дождовните врнежи во текот на церемонијата на отворање. Целта беше церемонијата да се одржи во што попогодни временски услови. Со Засјајување на облаците се распркуваат супстанци во воздухот кои служат како кондензатор за облаците.
Овие супстанци познати како јадра на мраз, ги менуваат микрофизичките процеси во облаците. Крајниот резултат се дождовни капки или замрзнати снегулки.