Ким Кардашијан побогата за 200 милиони долари откако продаде дел од својот бренд за шминка
САД– Старлетата Ким Кардашијан е официјално побогата за 200 милиони долари. Риалити ѕвездата ја затвори зделката со продажба на 20 проценти од својот бренд KKW Beauty на Coty Inc за неверојатни 200 милиони долари, Е! Вестите потврдуваат.
„Јас сум многу горда на тоа како брендот KKW порасна во текот на изминатите четири години и со нетрпение очекувам да соработувам со Коти за следната фаза на иновации, унапредување и можноста да им донесам нови промоции на клиентите ширум светот. Оваа врска ќе ми овозможи да го водам развојот на креативните елементи во коишто сум специјализирана, истовремено имајќи корист од неверојатните ресурси на етаблирана компанија како Coty Inc “.
Coty Inc е дом на некои од најголемите светски брендови за убавина како CoverGirl, Sally Hansen и ОПИ – и на пазарот е проценета на милијарда долари, според Фајненшл тајмс.

Coty Inc го објави соопштението за стратешкото партнерство, наведувајќи во соопштението дека заедно, тие „ќе се фокусираат на влегување во нови категории на убавина и глобално ширење“ надвор од постојните линии на производи на Ким. Ова значи развој на нега на кожата, нега на коса, лична нега и производи за нокти!
Што се однесува до улогата на Ким, таа и нејзиниот тим „ќе ги водат сите креативни напори во однос на иницијативите за производи и комуникации, градејќи ги нејзините извонредни можности за глобално достигнување преку социјалните медиуми“, продолжува во соопштението.
Овој потег следи само неколку месеци откако Coty Inc направи посебен договор со сестрата на Ким, Кајли Џенер која продаде 51 процент од акциите на компанијата за шминка и стана побогата за 600 милиони долари.
Иако Coty Inc го стекна мнозинскиот пакет акции на Кајли Козметика, дури и со новото партнерство, Ким останува мнозински сопственик на KKW Beauty.
„Ким е вистинска модерна глобална икона“, рече претседателот и извршен директор на Coty Inc Питер Харф, во изјавата. “Таа е визионерка, претприемач, мајка, филантроп и преку социјалните медиуми има невидена можност да се поврзе со луѓето ширум светот. Ова влијание, во комбинација со водството на Коти и длабоката експертиза во престижната убавина, ќе ни овозможи да ги постигнеме целосен потенцијал на нејзините брендови “.