Ким Кардашијан од богата стана уште побогата


САД- Раперот и милијардер Канје Вест (43) истакна дека е горд на својата сопруга Ким Кардашијан Вест (39) за влезот во клубот на милијардери.

Вест која со Ким има четири деца на социјалните мрежи ја пофали ријалити-ѕвездата и успешен претприемач, откако таа потврди дека продала 20% удел од нејзината линија за убавина KKW на гигантот Coty Inc. за 200 милиони долари. Оваа продажба Ким ја прави милијардерка.

Ким Кардашијанс и Кање Вест, 2015

„Јас сум многу горд на мојата убава сопруга Ким Кардашијан Вест што официјално стана милијардер“, напиша Канје на Твитер.

„Ги помина најтешките бури и сега Бог блеска на тебе и на нашето семејство …многу те сакаме”, вели раперот, кој исто така се придружи на клубот милијардери годинава.

Продажбата ја прави Ким најбогата членка на семејството Кардашијан, претекнувајќи ја сестрата Кајли Џенер (23), која продаде 51% удел од нејзиниот бизнис, „Кајли козметика“, исто така на Coty Inc во јануари.

Кајли според Форбс ја има и титулата на најмлада милијардерка во светот.