Ким Кардашијан е новата муза на „Долче и Габана“ (фото)
САД– Долче и Габана ја најде својата муза!
Луксузниот моден бренд ја претстави Ким Кардашијан како заштитно лице на својата нова рекламна кампања пролет/лето 2023 година со секси црно-бели снимки на основачката на SKIMS која носи предмети од женската колекција.
Кампањата е снимена во италијанска вила од фотографското дуо Мерт Алаш и Маркус Пигот, според објавата на Кардашијан на Инстаграм.
Според соопштението за печатот, облеката и додатоците што ги носи Кардашијан на фотографиите се „единствена реинтерпретација на архивите на Долче и Габана од 1990-тите и 2000-тите, на кои им припаѓаат истите легендарни облеки што толку често ја инспирирале Ким во текот на нејзиниот живот и кариера“.
Според соопштението за печатот, „новата кампања е патување низ најавтентичната ДНК на Долче и Габана, во која новите значења се среќаваат со непогрешливите ликови кои ја направиле историјата на брендот – универзален јазик кој им дава глас на сечии желби и аспирации“.
Долче и Габана дебитираше со својата колекција лето/пролет 23 на Модната недела во Париз во септември 2022 година.





