Ким Џонг Ун падна во втор план – сите се прашуваат кој е човекот во сино?


 

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во текот на изложбата на новото вооружување во понеделникот вети дека ќе изгради непобедлива војска и ги обвини САД за правење тензии.

На изложбата „Самоодбрана 2021“, одржана по повод одбележувањеро на 76 роденден на владејачкаѕа Работничка партија, прикажани се повеќе нови оружје, меѓу кои и интерконтиненталните балистички ракети, кои Северна Кореја веќе ги тестираше или ги покажа во текот на воена парада.

Но, еден детал го привлече вниманието на јавноста, пишува „Њујорк пост“.

Имено, славата на Ким му ја украде маж, во син комбинезон со кацига со црвени, сини и бели траки, кој стоеше до двајца офицери во стандардна зелена и сина униформа.

Некои го нарекоа „суперхерој“, „капетан Северна Кореја“, или “ракетмен“.

Државните севернокорејски медиуми не го идентификуваа мистериозниот човек, но Џефри Луис, стручњак од Институтот за меѓународни студии во Ментереј, во „твит“ порача дека претпоставува оти е падобранец.

„Њујорк пост“ ги пренесува наводите на државната агенција KCNA, која вели дека „врвен падобранец ги покажал вештините за слетување, веејќи црвено партиско знаме на небото“, пред церемонијата.