Кибер-одбраната на Владата, во следните три години, поскапа за 10 милиони евра


Поскапе кибер одбраната за јавната администрација што ќе ја плаќа Владата наредните три години, па така наместо како досега таа да чини 15 милиони евра, сега ќе чини 25 милиони евра, односно десет милиони евра повеќе. 

Компанијата „Аитоникс“ која и досега имаше договор со Владата и во следните три години ќе ги обезбедува лиценците за софтверот на институциите, но овој пат цената ќе биде повисока.

Генералниот секретеријат на Владата склучи договор за софтверски лиценци со друштвото за производство, трговија и услуги, „Аитоникс“ од Скопје. Истиот е објавен во системот за јавни набавки и е со вредност од 24,7 милиони евра со вклучен ДДВ односно 1.520.343.083 денари.

Инаку, набавката на софтверски лиценци и сервиси, што е една од цените што треба да ја плаќаме како 30-та членка на НАТО. Новиот договор склучен со Владата, истовремено е објавен на електронскиот систем за јавни набавки, а склучен е во долари како валута. Договорена е исплата на 26,5 милиони долари. Наведената сума ќе мора да се обезбеди дури и ако доларот во наредниот период значително зајакнува во однос на денарот.

Понудата не била најниската, затоа што една од понудите била со вреднсот од 22,7 милиони долари. Останати понудувачи биле „Комтрејд Дистрибуција“, Softwareone AG и „Телелинк бизнис сервисис“.

Но овој пат, најниската понуда не била релевантна при одлучувањето на тендерот иако била главен критериум.

„Крејон Македонија“ е една од најголемите фирми во Македонија кои прават приходи во милиони евра.

За потсетување минатиот договор за сајбер одбрана го потпиша претходниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, непосредно пред да ја напушти функцијата.