Кејт Мидлтон во празнично црвено за кралскиот божикен концерт


Англија- Кетрин, војвотката од Кембриџ, во средата изгледаше кралски кога облече прекрасен темноцрвен капут, црвен фустан, чантичка и чевли на концертот насловен „Заедно на Божиќ“, кој се одржа во историската Вестминстерска опатија во Лондон, каде што се омажи за принцот Вилијам во 2011 година.

Таа одлично го долови празничниот дух носејќи го црвениот капут кој имаше голема машна во близина на деколтето. Војвотката од Кембриџ го спои изгледот со соодветни црвени потпетици.

Според WWD, палтото било во дизајн на Кетрин Вокер, а војвотката носела пар обетки на кралицата Елизабета Втора.Принцот Вилијам стилски ја надополнил сопругата носејќи црвена карирана вратоврска.
Според соопштението за печатот на палатата Кенсингтон, војвотката од Кембриџ го предводеше настанот „Заедно на Божиќ“ заедно со поддршка од Кралската фондација која ги чествуваше поединците и организациите низ Обединетото Кралство кои ги поддржаа нивните заедници за време на пандемијата COVID-19.

Керол, Мајкл и Пипа Мидлтон

Војводата и војвотката од Кембриџ беа придружувани од други членови на кралското семејство, вклучувајќи ги браќата и сестрите на Кејт, Пипа и Џејмс Мидлтон, принцезата Јуџин, принцезата Беатрис и нејзиниот сопруг Едоардо Мапели Моци и внуката на кралицата Елизабета Втора Зара Тиндал и нејзиниот сопруг Мајк Тиндал.

Принцезата Беатрис со сопругот

На „Together At Christmas“ имаше музика испеана од хорот на Вестминстерската опатија, како и изведби на Леона Луис и Ели Гулдинг. Настанот беше снимен за емитување и ќе биде прикажан како дел од специјалната „Кралски песни: Заедно на Божиќ“ на ITV на Бадник.

Принцезата Јуџин

Пред гостите да пристигнат во црквата, на Твитер профилот на војводата и војвотката од Кембриџ споделија фотографија од коледарите кои вежбаат. „Проби пред вечерашната служба #TogetherAtChristmas песна“, се вели во твитот. „Ќе размислуваме за извонредните предизвици со кои се соочивме во последно време и ќе ги славиме чиновите на љубезност на кои бевме сведоци низ целата нација додека заедниците се здружија да си помогнат едни на други“.

Зара Тиндал со сопругот

Страницата на социјалните мрежи на Вестминстерската опатија објави видеа од членовите на кралското семејство кои пристигнуваат на службата.

„Вечерва HRH Војвотката од Кембриџ ќе биде домаќин на богослужбата #TogetherAtChristmas во Вестминстерската опатија“, твитна црквата заедно со слика од програмата за концертот.

„Во нашите улоги, Вилијам и јас сме толку среќни што се среќаваме и поминуваме време со феноменални луѓе низ целата земја кои секојдневно поддржуваат поединци и семејства“, напиша војвотката од Кембриџ во програмата. „И во текот на изминатите две години, бевме инспирирани од безброј луѓе кои ги здружија своите заедници преку едноставни дела на љубезност“.