Кејт Мидлтон на банкет со омилената тијара на принцезата Дајана
Англија– Принцезата од Велс блесна во дијамантската тијара што порано ја носеше принцезата Дијана, на свечениот банкет во Бакингемската палата чест на претседателот на Јужна Африка, Кирил Рамафоса.
На свеченоста во Багингемската палата, Кејт пристигна со принцот Вилијам, облечена во бела тоалета од Џени Пакам, а согласно протоколот за вакви настани, сите жени припаднички на кралското семејство носеа тијари, вклучувајќи ја и кралицата – придружничка Камила.
Државната посета е прва со Кралот Чарлс Трети како домаќин и втора за кралското семејство за време на пандемијата по посетата на тогашниот маерикански претседател Доналд Трамп во 2019 година.
Тијарата Cambridge Lover’s Knot со дијаманти и бисери е стара повеќе од 100 години и ѝ припаѓаше на кралицата Елизабета Втора, а оригинално била нарачана за мајка ѝ, кралицата Мери, во 1914 година.
Кејт носеше и обетки кои претходно и припаѓаа на принцезата Дијана и нараквица од кутијата за накит на кралицата Елизабета. Својот изглед го комплетираше со редот на кралското семејство и ѕвездата и појасот на Големиот крст на кралскиот Викторијански ред.
Кралицата – придружничка Камила, исто така, ја носеше својата прва тијара од владеењето на кралот Чарлс за државниот банкет, со сафири и дијаманти што кралицата Елизабета ја носеше за државната посета на Кина во 2015 година со претседателот на Кина Кси Џинпинг. Таа се одлучи за виолетова тоалета .
Присуствуваа и принцот Едвард, Софи, грофицата од Весекс (со ѓердан Тиара од аквамарин), војводата и војвотката од Глостер, војводата од Кент, Лејди Сузан Хуси и поранешната дама на кралицата Елизабета, Анабел Вајтхед.