Самсунг галакси С10е – Адаптиран на вашите потреби


Десетгодишните истражувања и сознанија на компанијата Самсунг резултираа со серија уреди која се карактеризира со премиум перформанси за премиум искуство. Трите уреди Галакси С10+, С10 и С10е сведочат за иновациите на кои им нема крај. Го издвојуваме Самсунг галакси С10е, уред кој се адаптира за секоја ваша пригода: работа, уживање, хоби. Динамичниот АМОЛЕД екран со […]

Првиот македонски електричен автомобил ЗАС Г20 на страниците на „Њујорк тајмс“


Првиот електричен автомобил ЗАС Г20 произведен и развиен во нашата земја се најде на страниците на „„Њујорк тајмс“ опишувајќи го како трансформација на малиот култен автомобил „Застава 750“ од времето на социјализмот во возило од електричната ера. ЗАС Г20 е развиен од македонската компанија „ВВ Класик карс“ со помош од Фондот за иновации и технолошки […]

До 2030 година ќе биде забрането во Ирска продажба на нови бензиски и дизел автомобили


Ирска објави дека ќе забрани продажба на нови бензински и дизел возила до 2030 како дел од својот нов план за борба со климатските промени. Владата се надева дека ќе има 950.000 електрични автомобили на ирските патишта до тогаш, поддржани од мрежа на станици за полнење. Мерката е една од 180-те години предлози во доменот на […]

(ВИДЕО) Фејсбук официјално ја претстави виртуелната валута Либра


Виртуелната валута либра на фејсбук пред извесно време доби средства од пејпал, убер и мастер кард, а сега го презентира својот долгоочекуван производ, кој заедно со дигиталното портфолио Калибра ќе бидат достапни за потрошувачите од 2020 година. Либра е децентрализирана крипто-валута што ќе ви овозможи да испраќате пари на ватс-ап, инстаграм или месинџер и да […]

На „Хуавеј“ ќе му треба повеќе време да стане најголем производител на паметни телефони


Кина– На кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј ќе му треба повеќе време да стане најголем производител на паметни телефони во светот што е цел што првично требаше да се постигне во четвртиот квартал оваа година, изјави еден од челниците на компанијата. – Ќе бевме најголеми во четвртиот квартал оваа година, но сега сметаме дека тој процес […]

Мнучин: Хуавеј е прашање на национална безбедност, а не трговија


Министерот за финансии на САД Стивен Мнучин изјави денеска дека чекорите кои ги презема американската влада против кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј технолоџи“ се однесуваат на прашања од националната безбедност и немаат врска со трговијата. – Како што цело време и зборувавме, разговорите околу Хуавеј се всушност разговори кои се однесуваат на националната безбедност и тие […]

БМВ се спојува со Јагуар ланд ровер


Германската компанија БМВ се спојува со најголемиот произведувач на автомобили во Велика Британија, Јагуар ланд ровер  (ЈЛР), пишува лондонски „Гардијан“. Гигантите се одлучија да го преземат тој чекор за да ги намалат трошоците и да напредуваат во трката за производство на електрични автомобили на масовниот пазар. Компаниите наведуваат дека ќе работат заедно на развојот на […]

Манчевски: Регионалната и меѓународната соработка суштински во справувањето со сајбер-криминалот


Република Северна Македонија има воспоставено јасна и стратешка визија за градење сајбер-безбедносни капацитети, а во соработка со Светската банка и Универзитетот во Оксфорд, изработени се Националната стратегија за сајбер безбедноста, со Акциски план за периодот 2018-2022 година. Тоа го истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во обраќањето пред учеснциите на Меѓународната годишна […]

Рено ги одложи разговорите за соединување со Фиат Крајслер


Француската автомобилска компанија „Рено“ денеска ги одложи разговорите за соединување со италијанско – американската компанија „Фиат Крајслер“ (ФЦА), иако Управниот одбор на „Рено“ вчера, по состанокот во своето седиште, во близина на Париз, соопшти дека одлучиле денеска повторно да се сретнат и да ја разгледаат понудата на компанијата „Фиат Крајслер“ за соединување. По неколкудневни преговори, „Фиат […]

Маск: Тесла ќе прави 10.000 Roadster автомобили годишно


Директорот на Тесла, Елон Маск, тврди дека неговиот хиперспортски двосед на струја ќе има подобри перформанси од ривалите на прочуените спортски авто-комапнии. Тој не ги крие своите амбиции кога станува збор за втората генерација на моделот Tesla Roadster. Кога пред една и пол година е претставен првиот прототип на овој автомобил, Маск откри дека продукцискиот […]

Убер во минус милијарда долари


Компанијата Убер првото тромесечје од годинава го заврши со нето загуба од околу милијарда долари. Минусот е направен како последица на големи вложувања во испораката на храна, превоз на товар и поголеми трошоци за стимулација на возачите. Загубата се случува иако кон крајот на март Убер ширум светот имаше дури 93 милиони корисници, што е […]

Електричните автомобили за 20 години ќе преовладуваат на пазарот


САД – Автомобилите на електричен погон сега се мал дел од пазарот, но во блиска иднина тоа значително ќе се промени, тврдат аналитичари на БНЕФ (Bloomberg New Energy Finance) и според нив до 2040 година околу 57 отсто од новопродадените автомобили ќе бидат со електричен погон. Истото важи како за патнички така и за лесни комерцијални […]

Ново и корисно: Со функцијата „изменета реалност“ на Галакси С10, одберете апарати за домаќинство за вашиот дом


Секогаш чекор понапред. Од оваа премиса се води тимот на „Самсунг“ кој неуморно трага по нови откритија кои ќе го олеснат секојдневјето на корисниците. На овој начин и водени од оваа мисла, креативците од „Самсунг“ создадоа алатка која ќе помогне во намалувањето на стресот при барањето нови апарати за домот или пак мебел кој перфектно […]

Што се крие зад децениските иновации на „Самсунг“?


Компанијата „Самсунг“ со своите мобилни уреди е присутна на пазарот веќе цела една деценија. Во јадрото на децениските иновации на „Самсунг“ се крие идејата за создавање на значајни новини, подобрување на корисничкото искуство и поместување граници во светот на смартфоните. Трите значајни двигатели добија ново руво, овој пат во Галакси С10, серијата уреди на „Самсунг“. […]

(Видео) Сателитите на Елон Маск на небото над Русија


Ракетната компанија на Елон Маск, „Спејс икс“, минатата седмица успешно лансира прва група сателити, наменети за обезбедување на глобален пристап до интернет. Аматерскиот астроном Илија Јанковски, успеал да направи ноќна  снимка од тие сателити во моментот додека летале над рускиот регион Свердловск. „Морам да кажам дека оваа глетка е многу невообичаена“, прокоментира Јанковски на својот […]

Хуавеј не може во иднина да користи СД и микроСД картички


На кинеската телекомуникациска компанија Хуавеј и е забрането да биде член на здружението СД Асоцијација (група што одобрува стандардизација на спецификации за СД и микроСД картички). Тоа значи дека на Хуавеј веќе не му е дозволено да ја имплементира официјалната поддршка за СД и микроСД картички во нивните идни телефони или лаптопи. СД Асоцијацијата потврди […]

Го одбиле за вработување во „Гугл“, а од својата идеја направил работа од соништата


Дизајнерот Ендру Бортон сонувал да се вработи во компанијата „Гугл“. Пред 18 месеци конечно го повикале на разговор. Процесот на селекција опфаќал неколку разговори и решавање на задачи. Имено, требало да се осмисли нов производ кој би го направил за „Гугл“. Го поминал разговорот, а потоа на менаџерите им ја претставил својата идеја. Тој смислил […]

Перење на алишта за 59 минути со новите апарати на Самсунг


Со новата промоција на Самсунг, од 17 мај до 30 јуни, годинава може да купите одбрани модели Самсунг машини за перење или за сушење со енергетска ефикасност „А+++“, машини за перење и сушење на алишта или ладилници со „No Frost“ технологија, добивате уреди кои ги задоволуваат највисоките стандарди на енергетска ефикасност, значително намалувајќи ја потрошувачката […]

(ВИДЕО) 5Г-мрежата урива рекорди


Според најавите на операторите, комуникациската 5Г-мрежа ќе овозможи масовно интернет-вмрежување и целосна трансформација на животот и работата на луѓето во „паметното“ дигитално општество. Иако комерцијалната употреба на светско ниво би требало да отпочне во 2020 година, некои технолошки гиганти, како Т-Мобајл, Водафон и кинескиот и корејскиот Телеком, веќе ја тестираат 5Г-технологијата. За одреден број луѓе […]

Хуавеј: САД ја потценуваат нашата сила


Основачот и извршен директор на Хуавеј, Рен Женгфеи изјави дека САД ја „потценуваат” неговата компанија. – Американскиот политички персонал според сегашните процедури покажува дека ја потценува нашата сила, рече Рен во интервју за ЦЦТВ и други кинески медиуми. Тој посочи дека компанијата има алтернатива за набавка на чипови и оти во таа смисла не може […]