Ново и корисно: Со функцијата „изменета реалност“ на Галакси С10, одберете апарати за домаќинство за вашиот дом


Секогаш чекор понапред. Од оваа премиса се води тимот на „Самсунг“ кој неуморно трага по нови откритија кои ќе го олеснат секојдневјето на корисниците. На овој начин и водени од оваа мисла, креативците од „Самсунг“ создадоа алатка која ќе помогне во намалувањето на стресот при барањето нови апарати за домот или пак мебел кој перфектно ќе се вклопи во просторот. Соочувањето со вистинскиот предизвик штотуку доби поинаква форма! Онлајн- купување. Тренд на сегашноста и иднината. Но кога сакате да купите нешто онлајн, постои можност за несигурност во однос на тоа дали апаратот соодветно ќе одговара на просторот или, пак, дали ќе има доволно место за да се отвора вратата на машината за сушење алишта или на фрижидерот. Токму затоа, компанијата „Самсунг електроникс“, за да овозможи симулација на просторот, ја надополни Галакси С10 серијата уреди со услуги за изменета реалност кои ќе ги намалат грижите и губењето на нервите за тоа дали апаратите за домаќинство или пак мебелот, кои ќе се порачаат онлајн, ќе одговораат во вашиот дом.

Визуелизирајте ја својата нова соба
Функцијата за изменета реалност на „Самсунг“, „бигзби визија“, изгледа како визуелен водич, овозможувајќи му на корисникот да погледне повеќе со својата камера. Со помош на опцијата за декорација на алатката „бигзби визија“ на Галакси С10, може да погледнете како вашиот дом може да изгледа со нови домашни апарати и мебел. Посликовито кажано, оваа алатка дава слика за нивно позиционирање, каде и да сакате да ги видите. За да ја овозможите функцијата, едноставно отворете „бигзби визија“, одберете ја функцијата за домашен декор од менито за апликации и насочете ја камерата кон областа каде што сакате да поставите домашни апарати или мебел. По изборот на апаратот или парче мебел, предметот ќе се појави секаде каде што ќе го допрете екранот. Може да изберете маса, тепих, кревет, ладилник или кој било друг домашен производ и да го поставите каде и да посакувате.

Декорирајте, преместувајте, забавувајте се. Со новиот Галакси С10 5Г, може да направите брза проценка на димензиите на објектот. Користејќи ја камерата за 3Д-длабочина на Галакси С10 5Г, апликацијата за брзо мерење ги прикажува висината, ширината и должината на објектот што го сликате со камерата. Оваа функција го олеснува купувањето душек кој одговара на креветот, или пак сетот столови со соодветна висина за вашата маса во кујната.
Новата функција ќе ви стане омилена краток период по користењето, а ќе ви помогне на лесен и едноставен начин да се справите со стресот што го носи уредувањето на домот. Вашиот нов Галакси С10 уред ќе ве освои на прв поглед со својот ергономски дизајн, импресивни функции и подготвеност да излезе во пресрет на секое ваше барање и потреба.