Што се крие зад децениските иновации на „Самсунг“?

Компанијата „Самсунг“ со своите мобилни уреди е присутна на пазарот веќе цела една деценија. Во јадрото на децениските иновации на „Самсунг“ се крие идејата за создавање на значајни новини, подобрување на корисничкото искуство и поместување граници во светот на смартфоните. Трите значајни двигатели добија ново руво, овој пат во Галакси С10, серијата уреди на „Самсунг“. Доколку патот до успехот е макотрпен и бара посветеност, тогаш може да се каже дека тимот на „Самсунг“ беше мотивиран од потребата за создавање на значајна иновација. За сите. Токму на овој начин ја создадоа серијата С10 со трите неверојатни смартфони: Галакси С10е, Галакси С10 и Галакси С10+.
Секој смартфон создава поинакво, посебно искуство и ги исполнува различните потреби на корисниците. На децениското патување на „Самсунг“ се создадоа безброј иновации кои секојдневно ја покажуваат важноста што им ја испорачуваат на корисниците. Зад Галакси С од самиот почеток се виде потенцијал за креирање на мултифункционален, премиум уред. На тој начин, желбата за експанзија на мобилните можности и неверојатната креативност ја создадоа денешната серија уреди на „Самсунг“, Галакси С10. Функционалниот „infinity-o“ екран кој има цела низа сензори создава непречен приказ и максимална површина на екранот за квалитетно користење од страна на корисникот. Преку „ONE UI“, корисничкиот интерфејс, горниот дел од екранот служи за приказ и го претставува најпрегледниот дел на екранот.


Воедно, долниот дел на екранот овозможува наједноставна комуникација со она што ни е потребно од телефонот. Со најновата Галакси С10, серија мобилни уреди, корисникот добива неверојатна трајност на батеријата, благодарение на софтверот кој учи на кој начин да се управува со уредот и според тоа се оптимизира потрошувачката на батеријата. Најновите телефони пристигнуваат со меморија од 6 гигабајти, па сè до 12 гигабајти РАМ меморија и со 128 гигабајти, 512 гигабајти или 1 терабајт внатрешна меморија, која може да се зголеми со микро СД картица до 512 гигабајти. Поточно, со најновите С10 уреди се добива до 1,5 терабајти внатрешна меморија, односно корисникот може да складира онолку податоци колку што му е потребно.
За љубителите на фотографиите, интелигентната камера на серијата Галакси С10 претставува вистинско освежување за корисниците. За првпат во серијата Галакси С, системот на камерата се состои од ултраширок објектив со видно поле од 123 степени (како човековото око) и 16 мегапиксели, во сите три модели. Со предни и задни камери кои се усовршени до перфекција, секој корисник може да се претвори во професионален фотограф.
Во текот на годините на развивање на системот за безбедност на серијата Галакси С, се создадоа поголеми можности и се имплементираа новини што значително ја подобрија безбедноста на уредите. Галакси С10 има био-автентикација (чита 3Д-отпечаток на прстот и препознавање на лице), безбедна средина (Samsung Knox, Samsung Blockchain KeyStore) и безбедни функции за плаќање. Сите овие иновации пристигнуваат спакувани во премиум дизајни со нови „освежувачки“ бои: призма црна, бела, зелена, сина и неонско жолта, а Галакси С10+ е достапен и со премиум керамичко куќиште во црна и бела боја. Која боја би ја одбрале вие?