Самсунг галакси С10е – Адаптиран на вашите потреби


Десетгодишните истражувања и сознанија на компанијата Самсунг резултираа со серија уреди која се карактеризира со премиум перформанси за премиум искуство. Трите уреди Галакси С10+, С10 и С10е сведочат за иновациите на кои им нема крај.

Го издвојуваме Самсунг галакси С10е, уред кој се адаптира за секоја ваша пригода: работа, уживање, хоби.

Динамичниот АМОЛЕД екран со димензии од 5,8 инчи, создава кристално јасна дигитална содржина за максимално уживање при гледање и при работење со уредот. Екранот е исто така VDE сертифициран за живи светли бои и за извонреден контраст за уште подлабоки нијанси на црно и уште посветли нијанси на бело. Дури и кога има силна сончева светлина, Самсунг галакси С10е нема да ве изневери, боите ќе бидат исклучително квалитетни како и пред тоа. Без пречки и напрегање на вашите очи. Дополнително, во ерата на дигитално живеење, кога времето поминато со смартфони во рацете е огромно, компанијата Самсунг внимава на корисниците и затоа екранот е TÜV Rheinland сертифициран за удобност на очите, без притоа да влијае на квалитетот на сликата.

Двојната задна камера и предната селфи-камера придонесуваат за креирање фотографии на професионално ниво кои се вредни за споделување. И сето ова без потреба за мануелно селектирање на напредните поставки на камерата. Оптимизаторот на сцена сега може да препознае и уште попрецизно да ги процесира дополнителните сцени благодарение на единиците за неврална обработка. Снимајте, сликајте, „ловете“ секвенци кои ќе ве потсетуваат на најубавите моменти од вашиот живот. И не грижете се… за сите ваши фотографии, снимки, податоци, покрај безбедносниот систем налик сеф, тука е и огромната меморија од 128/256 гигабајти која може да се дополни со микро СД картичка до 512 гигабајти.

Во моментите кога ви е најпотребно, тука е функцијата за безжично споделување на енергија овозможувајќи едноставно полнење на Qi сертифицирани паметни телефони и на компатибилни уреди за носење. Дополнително, Галакси С10е е способен истовремено да се полни самиот себеси и да полни и втор уред со помош на ова безжично споделување на енергија, додека е поврзан со обичен полнач, овозможувајќи ви да понесете само еден полнач кога патувате.

Бигзби ги автоматизира вашите рутини и обезбедува персонализирани препораки олеснувајќи го корисничкото секојдневие. Со претходно поставени и персонализирани рутини, како рутини при „Возење“ и „Пред спиење“, кои се приспособени според вас, Галакси С10е ги прави нештата поедноставни, автоматски намалувајќи го допирањето на уредот или, пак, броењето на чекорите во рамки на текот на денот.

Самсунг галакси С10е е креиран за да се адаптира на вашите потреби. Со широк спектар на функционалности и карактеристики, овој уред и неговиот дизајн создаваат чувство дека вие сте најважни!