(ВИДЕО) 5Г-мрежата урива рекорди


Според најавите на операторите, комуникациската 5Г-мрежа ќе овозможи масовно интернет-вмрежување и целосна трансформација на животот и работата на луѓето во „паметното“ дигитално општество.

Иако комерцијалната употреба на светско ниво би требало да отпочне во 2020 година, некои технолошки гиганти, како Т-Мобајл, Водафон и кинескиот и корејскиот Телеком, веќе ја тестираат 5Г-технологијата. За одреден број луѓе таа е веќе достапна.

Така, на Твитер се појави тест на брзината на 5Г на новиот „самсунг галакси С10“, а снимката стана хит на интернет поради рекордната брзина на пренос на податоци што ја постигнува оваа нова технологија. Брзината на пренос на податоци од 1.098 мегабити, или околу 140 мегабајти во секунда, за многумина изгледа просто неверојатно.