(Видео) Сателитите на Елон Маск на небото над Русија


Ракетната компанија на Елон Маск, „Спејс икс“, минатата седмица успешно лансира прва група сателити, наменети за обезбедување на глобален пристап до интернет.
Аматерскиот астроном Илија Јанковски, успеал да направи ноќна  снимка од тие сателити во моментот додека летале над рускиот регион Свердловск.
„Морам да кажам дека оваа глетка е многу невообичаена“, прокоментира Јанковски на својот налог на социјалната мрежа VKontakte, на која и ја постави видео-снимка.
На снимката се гледа прелетот на сателитите на небото кој изгледа како комета или светкав воз.
Се наведува дека видеото настанало откако првите 60 мали сателити на компанијата на Елон Маск лансира во ниските делови од земјината орбита на 24 мај.
https://www.youtube.com/watch?v=fzc3VQFh9zs