Во Ангола ископан розов дијамант, најголем во последните 300 години


Рударите во Ангола, ископаа розов дијамант за кој се верува дека е најголем пронајден во последните 300 години. Австралискиот оператор на наоѓалиштето во Ангола наведе дека розовиот дијамант од 170 карати наречен е Луло роуз. Дијамантот е пронајден во рудникот Луло на североистокот на земјата кој е богат со дијаманти и е еден од најголемите […]

Јакната на астронаутот Баз Олдрин продадена за 2,8 милиони долари


  Јакната на американскиот астронаут Баз Олдрин која ја носел при патувањето до Месечината, продадена е на акуција за 2,8 милиони долари. Белата јакна на Олдрин е украсена со американското знаме и логотипот на НАСА, а ја носел за време на мисијата Аполо 11 додека летал во командниот модул Колумбија. Ова е една од 60 […]

Теми и разговори кои не се за пред детските очи и уши


Децата по природа се љубопитни и „впиваат“ сè што ќе слушнат. Затоа, родителот мора да биде свесен за она што го кажува и да се погрижи зборовите да не повредуваат и да нема последици од тоа. Британскиот психолог Анџела Карања вели дека однесувањето, вредностите, уверувањата и ставовите лесно се пренесуваат со набљудување, слушање и имитирање […]

Ретрограден Јупитер од 28 јули: Кои хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени?


Ретроградноста на Јупитер најмногу ќе влијае на три хороскопски знаци. Ретроградноста почнува во Овен, а Јупитер на крајот ќе се врати во својот традиционален знак Риби, давајќи ни уште неколку месеци од магијата што ја почувствувавме претходно годинава. Влијанието на Јупитер генерално е позитивно, а ретроградноста може да ја олесни идентификацијата на тоа што го […]

Вселенското ѓубре на Кина повторно и се заканува на Земјата


За време на викендот, Кина лансираше нова ракета Long March 5B која носи нов модул за кинеската вселенска станица Тиангонг. Модулот Wentian содржи научна опрема за спроведување на експерименти во вселената и простор за престој на астронаутите. Тој се приклучи на модулот Tainhe кој беше лансиран минатата година, а до крајот на оваа година кинезите […]

„Поместена“ границата меѓу Швајцарија и Италија


Високо во снежните Алпи, топењето на глечерите ја поместило границата меѓу Швајцарија и Италија, поради што локацијата на италијански планински дом останала спорна. Границата меѓу овие две земји се наоѓа долж подрачјето каде водата од стопениот снег и мраз тече низ двете страни на планината, кон едната или другата земја. Но, поради топењето на глечерот […]

ЕСА објави нови фотографии од Марс


Орбитерот „Марс експрес“ којшто ѝ припаѓа на Европската вселенска агенција (ЕСА) објави нови фотографии од Марс. Сателитот орбитира околу Марс од 2003 година, а во април испрати фотографии од огромната рамнина Утопија Планитија, која се наоѓа во поголемата област Утопија – на северната полутопка на „Црвената Планета“. Рамнината е двојно поголема од Земјината пустина Сахара […]

Дремката ја зголемува можноста за мозочен удар


САД – Луѓето кои често придремуваат дење, имаат поголема веројатност да развијат висок крвен притисок и да доживеат мозочен удар, според ново обемно истражување објавено во списанието „Хајпертенжн“ (Hypertension). Учесниците во испитувањата кои вообичаено дремат во текот на денот, имале 12 отсто поголеми шанси да развијат висок крвен притисок – долгорочно и 24 отсто поголема опасност да […]

Тамара Еклстон нуди седум милиони евра награда за враќање на украдениот накит


Англија-  Тамара Еклстон, ќерката на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон и Славица Еклстоун, понуди награда до седум милиони евра за информации коишто би довеле до враќање на некои од нејзините скапоцени предмети коишто беа украдени во најголемата кражба во Велика Британија во историјата. Проценетата вредност на украдениот накит, готовина и скапоцени камења, инаку, […]

Чешката полиција претвори запленето „ферари“ во патролен автомобил


  Полицијата во Чешка го претвори „ферарито“ со голема моќност што го заплени од криминалци во патролно возило способно да ги брка бесните возачи со брзина до 320 километри на час. „Ферари 458 Италија“ од 2011 година порано беше обоен во тркачко црвено, но властите го обоија со жолти и сини рефлектирачки ленти и поставија […]

Робот му скрши прст на момче на шаховски турнир во Москва


На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како роботот го зема прстот на момчето и го крши, а четири лица трчаат да му помогнат. Роботот програмиран да игра шах, во текот на шаховската партија на Отвореното првенство во Москва, му скршил прст на момче кое му било противник, јавуваат британските медиуми. Ова го потврди […]

Колку (малку) знаеме за мутациите кај мајмунските сипаници


Ново истражување сугерира дека вирусот на мајмунски сипаници изненадувачки забрзано мутира во Европа и Северна Америка. Студијата покажува всушност колку малку знаеме за вирусот. Линк до целиот текст на Дојче веле тука  

Кандован- село изрезбано во карпа


  Кандован е неверојатно село сместено на планинското крило на Султан Даги, планината Сабалан, лоцирано во северозападен Иран. Селото Кандован е познато по својата прекрасна карпеста архитектура која е резултат на вулкански активности и рачно врежани градби. Жителите, во основа, ја издлабиле секоја просторија од куќите во карпите како кујни, ходници, па дури и камени […]

Принцот Хари стана ментален тренер во старт-ап компанија


  САД- Принцот Хари се вработи! Тоа не би било важна вест за уште еден 37-годишник, но за внукот на британската кралица Елизабета тоа е значаен чекор во животот. Иако во изводот од матичната книга на родените на синот Арчи напишал „принц“ во колумната за занимање на таткото и како член на кралското семејство навистина […]

Џоли победи на суд против Бред Пит околу нивната заедничка винарија во Франција


САД– Анџелина Џоли ја доби правната битка против својот поранешен сопруг Бред Пит околу нивната заедничка винарија. Во јули 2021 година, Џоли поднела барање за укинување на привремената забрана за продажба на нивните заеднички средства со Пит. Поточно, таа сакала да го објави на продажба својот удел во винската компанија „Миравал Шато нувел“ (Miraval Chateau […]

Некои ги штити САД, некои НАТО – 5 држави кои немаат војска


Звучи малку чудно, но некои држави воопшто немаат војска. Ги има триесетина во светот, а ова се некои од нив. Војската и военото минато може да бидат туристички атракции, без разлика дали станува збор за муезеи од едукативен карактер или паради кои ја покажуваат моќта на некои земји или нејзиното воене минато. Иако свучи по […]

(Фото) Метеор го осветли небото над Хрватска


Во саботата вечерта небото над Хрватска било осветлено од метеор. „Синоќа, на 23 јули 2022 година, во доцните вечерни часови добивме бројни дојави за прелет на огнена топка некаде над средината на Далмација, а камерите на Хрватската метеорска мрежа (кои работат во склоп на Глобалбната метеорска мрежа) од Хум, Пожега, Пула, Задар, од Јанковец и […]

Милијардерот Сергеј Брин се разведува поради Илон Маск


  САД – Илон Маск наводно имал секс-афера со Никол Шанахан, сопругата на со-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, кој поднел и барање за развод уште во јануари, објави „Волстри журнал“, повикувајќи се на неименувани извори. Не е јасно колку долго траела романсата, но наводно се случила истиот месец кога Маск имал девојче со својата поранешна девојка […]

Саудиска Арабија планира да изгради два гигантски облакодера во пустина – долги 120 километри и високи 490 метри


  Саудиска Арабија ги претстави плановите за облакодер од 1.000 милијарди долари, долг 120 километри, направен од огледално стакло, кој ќе се протега низ нејзината пустина и ќе биде повисок од Емпаер стејт билдинг. Огледалната линија ќе биде дел од пустинскиот град наречен Неом – кој ќе биде приближно со големина на Масачусетс – а […]

Први случаи на мајмунски сипаници кај деца во САД 


Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги потврди првите случаи на мајмунски сипаници кај деца. Болеста е откриена кај дете во Калифорнија и кај бебе, кое не е американски државјанин. Се претпоставува дека двата случаи не се поврзани и веројатно децата се заразиле во домот. Децата се во добра здравствена состојба. Д-р […]