„Кум“- новиот прстен на Дрејк е екстраваганција со 13 дијаманти


 

САД- Раперот Дрејк, добитник на Греми неодамна го ангажира њујоршкиот златар Алекс Мос за да дизајнира нов блескав прстен . Прстенот  е со симболично име „Кум“ по еден од најдобрите филмови на сите времиња на Френсис Форд Копола, „Кум“ од 1972 година.

18-каратниот прстен од бело златосодржи 12 блескави  овални дијаманти кои опкружуваат еден огромен камен во центарот. Мос, мораше да го дизајнира во екстремно краток временски рок и рече дека „нема простор за грешка“. 

Како и филмот на Копола, прстенот е дел од трилогијата. Мос, исто така, рачно изработи целосно леден ѓердан и нараквица за пејачот  во неговата работилница на Петтата авенија. Се разбира, комплетот совршено се координира со дијамантските обетки со потпис на Дрејк.

„Создавањето елеганција со овој комплет беше целта, користејќи го најдобриот материјал на највисоко ниво на изработка“, изјави Мос за Robb Report преку е-пошта.