УНРВА: Наскоро нема да има капацитет да ги смести раселените лица во Газа


Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека наскоро нема да има можност за сместување на раселените лица во Појасот Газа. Директорката за комуникации на УНРВА, Тамара Алрифаи изјави дека речиси 137.000 луѓе досега се сместени во повеќе од 70 училишта на ОН низ Појасот Газа. Таа додаде дека Агенцијата може да смести […]

Обновен воздушниот сообраќај од аеродромот во Хамбург


 Воздушниот сообраќај на аеродромот во Хамбург, што беше во прекин поради закана за бомба на авион од Иран, е обновен, објави попладнево аеродромот на својата веб-страница. Претходно, аеродромската управа соопшти дека се суспендирани сите полетувањата и слетувањата поради полициски мерки. Портпаролот на аеродромот во Хамбург изјави дека летовите се суспендирани поради добиена закана дека ќе […]

Русите што избегаа од војувањето во Украина сега затечени од израелската регрутација


Алиса, 17-годишна фотографка, побегна од Русија во Израел набргу по почетокот на војната во Украина. Неколку месеци подоцна, таа беше повикана да служи во израелската армија. „Ја напуштив Русија поради војната и не можам да се замислам себеси да служам во која било армија, во која било земја“, изјави Алис во телефонско интервју за „Москва […]

Најтешката мака за Нетанјаху се заробениците однесени во Газа


  Заробувањето на повеќе од сто израелски војници и цивили – постари жени, деца, цели семејства – од страна на милитантите на Хамас ги разбранува израелските емоции повеќе од било која криза во неодамнешното сеќавање на земјата, и претставува невозможна дилема за тврдокорната десничарска влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Киднапирањето на единствениот млад регрут од […]

Господарот на „мачениците“ од Газа


  Секој дијалог со таков човек веројатно ќе биде бесплоден: лидерот на Хамас, Јахија Синвар, пред пет години изјави дека тој и неговиот народ повеќе би сакале да умрат како „маченици“ отколку да се препуштат на понижување од рацете на непријателот. „Ние сме подготвени да умреме. И десетици илјади се подготвени да умрат со нас“. […]

Откажани летовите од аеродромот во Хамбург поради закана за напад врз авион од Техеран


Аеродромот во германскиот град Хамбург денеска ги суспендира полетувањата и слетувањата поради полициски мерки, јави Германската новинска агенција (ДПА). Според портпаролот на аеродромот летовите се суспендирани поради добиена закана дека ќе биде нападнат авион од главниот град на Иран, Техеран. Но, тој не прецизираше за каква закана станува збор. 

Израел ја стави Газа под целосна опсада – нема да има струја, гориво и храна


  Израелскиот министер за одбрана нареди „целосна опсада“ на Газа, велејќи дека властите ќе ја прекинат електричната енергија и ќе го блокираат влезот на храна и гориво. Министерот за одбрана Јоав Галант изјави дека наредил „целосна опсада“ на Појасот Газа, додека Израел се бори против терористичката група Хамас. „Наредив целосна опсада на Појасот Газа. Нема […]

Ситуацијата во Газа е страшна, болниците личат на кланици а лекови и струја нема (ВИДЕО)


  Илјадници Палестинци бегаат од  опколениот Појас Газа по  бранот одмазнички израелски воздушни напади предизвикани од воениот упад на Хамас на израелска територија. „Кога почнавме да прашуваме за ситуацијата во болниците, едно лице ја опиша како кланица“, рече Махмуд Шалаби од Медицинска помош за Палестинците, кој ја надгледува поддршката на болниците низ Појасот Газа. „Имаше […]

Сѐ повеќе малолетници учествуваат во групни силувања: Две европски земји се особено загрижени


Сексуалните злосторства извршени од малолетници во Шпанија и Италија се во пораст. Во заднина на страшните злосторства лежи поширока одговорност. Шпанија има најголем број малолетници осудени за сексуални престапи откако се води евиденција, а во Италија тој број е зголемен за 15,7 отсто. Пред само неколку месеци, полицијата истражи четири групни силувања во трговски центар […]

Што ја предизвика новата војна меѓу Израел и Хамас?


Како што расте бројот на загинати и се зголемуваат безбедносните последици, Израел го вперува прстот на обвинување кон Техеран за организирање на нападите од Хамас. Нападите можеби се родени од гнев, конкретно од повеќемесечното однесување на коалицијата на  израелскиот премиер Бенjамин Нетанјаху, вклучително и од провокациите во џамијата Ал Акса, но Иран и силите што […]

Претседателот на Ел Салвадор, со палестинско потекло, кажа што би било најдобро за Палестинците


Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, кој има палестинско потекло, ја осуди милитантната група Хамас по нивниот напад врз Израел. „Најдоброто нешто што може да му се случи на палестинскиот народ е Хамас целосно да исчезне. Овие диви ѕверови не ги претставуваат Палестинците“, рече Букеле на социјалната мрежа „Икс“. „Секој кој ја поддржува палестинската кауза […]

Усвоена новата Директива на ЕУ за обновливи извори на енергија


Советот на ЕУ денеска ја усвои новата Директива за обновливи извори на енергија, чија цел е зголемување на уделот на обновливата енергија во вкупната енергетска потрошувачка на Унија на 42,5 отсто до 2030 година, со можност за дополнител раст за уште 2,5 процентни поени до нивото од 45 проценти.  Согласно Директивата, секоја земја членка на […]

Руската Дума ќе расправа за забраната за нуклеарни проби


Откако Кремљ минатата недела рече дека Русија може да размисли за отповикување на ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (CTBT), Советот на руската Дума ќе се состане денеска за да разговара токму за ова прашање. Минатата недела, Москва сигнализираше дека може да се повлече од договорот, истакнувајќи дека САД го потпишаа договорот, […]

Премиерот на Луксембург ја загуби работата по изборите во неделата


  Луксембуршката централно-десничарска Христијанско-социјална народна партија (ЦСВ) излезе како јасен победник на општите избори во неделата, додека владејачката либерална коалиција на премиерот Ксавиер Бетел претрпе големи загуби, не успевајќи да обезбеди јасно мнозинство. ЦСВ се рангираше на прво место со 29 отсто од гласовите, освојувајќи 21 од 60 места. Партијата имаше зголемување од 0,9 проценти, […]

Поплавите на индиските Хималаи однесоа 74 животи, 101 лице се исчезнати


Бројот на загинати во поројните поплави предизвикани од излевање на глечерното езеро на индиските Хималаи денеска се искачи на 74, а 101 лице се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Претходните денови во таа област во североисточна Индија врнеше силен дожд, што предизвика покачување на нивото на водата во глечерното езеро, поради што браната попушти, […]

Липштад: Најсмртоносен напад врз Евреите по холокаустот


 Специјалната американска комесарка за антисемитизам, Дебора Липштад, како една од најпознатите истражувачи на холокаустот во светот, нападите на Хамас врз Израел ги оцени како „најсмртоносни за Евреите по холокаустот“. Липштад кажа дека „нема оправдување за гнасниот, варварски тероризам против израелските цивили и масовните убиства. Никој нема право да му кажува на Израел како да се […]

Дали нападот на Хамас имаше скриена цел


  Ненадејниот напад на Хамас за време на викендот, кој вклучуваше илјадници ракети истрелани од Појасот Газа и копнени борби во Израел, има потенцијал да го попречи новиот дипломатски договор што може да го преобликува регионот. Хамас напаѓа и израелски цивилни и воени цели, а исто така киднапира непознат број израелски војници и граѓани, веројатно […]

ОН: Повеќе од 100.000 луѓе раселени во Газа


Израелските воздушни напади и гранатирањата насочени кон домови и станбени згради раселија околу 123.538 Палестинци во Газа, според Агенцијата за хуманитарна помош на ОН. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, во својот најнов извештај соопшти дека многумина од оние кои беа принудени да ги напуштат своите домови се засолнети во околу 64 училишта […]

Хамас тврди дека држи повеќе од 100 луѓе во заробеништво во Газа


Висок функционер на Хамас соопшти дека групата држи повеќе од 100 луѓе во заробеништво по нападот врз Израел. – Високи израелски офицери се меѓу заробените, рече Муса Абу Марзук. Се работи за бројка која е дополнителна од повеќе од 30 лица за кои се тврди дека ги држи палестинската група Исламски џихад. Меѓу затворениците кои […]

Продолжуваат борбите по нападот на Хамас врз Израел, повеќе од 1.000 загинати


Повеќе од илјада луѓе досега се убиени во борбите меѓу Хамас и Израел кои траат и утрово, речиси 48 откако палестинската милитантна група ја нападна земјата, јави ДПА. Израелските одбранбени сили (ИДФ) утрово соопштија дека била погодена зграда во која се сместени членови на Хамас и неколку командни центри на Хамас. Меѓу центрите имало и […]