Застрелани тројца тинејџери во Шведска


Тројца тинејџери  се ранети во престрелка во Шведска. СВТ пишува дека пукањето се случило во Ховсјо, југозападно од Седертаље.

„Најдовме три лица кои беа застрелани, на отворено и блиску еден до друг“, рече портпаролката на полицијата Надја Нортон.

Според информациите на СВТ, биле застрелани тинејџери родени 2006 и 2007 година. Еден е тешко повреден. Полицијата на почетокот спомнала четири лица, но подоцна ја сменила информацијата на три лица.

Тинејџерите биле застрелани вчера вечерта околу 18:45 часот. Полицијата во текот на ноќта уапсила тројца мажи кои се осомничени за делото. Засега таа не дала информации за возраста на осомничениот, ниту детали за местото на апсењето. „Разгледуваме дали инцидентот е поврзан со активност на бандите, истрагата се уште е во рана фаза“, рече Нортон.

Полицијата започна истрага за обид за убиство и тешки дела поврзани со оружје.