Шолц повика на солидарност со Евреите во Германија на почетокот на празникот Ханука


Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на солидарност и сочувство за Евреите во Германија додека ја палеше првата свеќа по повод почетокот на Ханука, еврејскиот празник на светлината, јави ДПА. – Ова е особено важно во овој момент, изјави Шолц синоќа во Берлин. – Значи, секој од нас може да им даде моќ на зборовите „Никогаш […]

Си-Ен-Ен: Против Хантер Бајден се покренати нови обвиненија за даночни престапи


Американското Министерство за правда поднесе ново обвинение против синот на американскиот претседател Џо Бајден – Хантер Бајден, соопшти синоќа Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои извори. Бајден вчера беше обвинет пред федералниот суд во Лос Анџелес за учество во четиригодишна шема за избегнување плаќање даноци во вредност од околу 1,4 милиони долари, соопшти Министерството за правда. […]

Конечно слободни – што раскажуваат ослободените израелски заложници


Повикот предизвика измешани чувства кај Јаир Мозес. Неговата мајка Маргалит се очекуваше да биде меѓу првите заложници што ќе бидат ослободени од Појасот Газа на 24 ноември, само неколку часа по стапувањето на сила на прекинот на огнот. Милитантната исламистичка терористичка организација Хамас ја одведе Маргалит Мозес во Газа на 7 октомври, откако беше киднапирана […]

Харков повторно цел на руско гранатирање


Источноукраинскиот град Харков беше погоден од неколку руски проектили, соопштија властите во текот на ноќта и информираа дека најмалку едно лице е повредено. „Окупаторите го погодија Харков шест пати“, напиша во Телеграм Олег Синегубов, шеф на регионалната воена администрација, посочувајќи дека на самото место му била укажана помош на повредено лице. Погодени се регионите Холоднохирски […]

Бела куќа: САД не му дадоа рок на Израел за запирање на операцијата во Газа


САД не му дадоа цврст рок до кој Израел треба да ги запре големите борбени операции против милитантната група Хамас во Појасот Газа, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Фајнер. Тој додаде дека ако војната заврши сега, исламистичката група ќе продолжи да претставува закана. Говорејќи на безбедносниот форум во Аспен, Фајнер истакна […]

Целосно распаѓање на германската екстремна левица: Од групата пратеници во Бундестагот остана само „Error 404“


  Германската екстремна политичка левица (Die Linke) објави дека официјално ќе ја распушти својата парламентарна фракција откако една од најпознатите партиски функционери Захра Вагенкрехт формираше посебна политичка опција. Дитмар Барч, претставник на Левица, го коментираше овој потег на партијата и рече дека целата ситуација е горчлив пораз за нив. „Ова е секако историска пресвртница и […]

Земјотрес од 5,6 степени го погоди Азербејџан


 Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди денеска Азербејџан, објави Републичкиот сеизмолошки центар на Азербејџан на официјалната веб-страница. Претходно Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар извести за земјотрес со епицентар во Каспиското Море и јачина од 5,7 степени, а како што пренесува РИА Новости, земјотресот бил почувствуван и во Баку и во други градови на Азербејџан. Европско-медитеранскиот […]

Бразил испраќа војници на границата со Венецуела. Расте стравот од нова војна


Бразил објави дека распоредува војници долж границата со Венецуела, откако венецуелската влада ги објави плановите за инкорпорирање на територијата контролирана од Гвајана на својата територија. Регионот Есекибо богат со нафта е спорен уште од 19 век, кога Гвајана беше британска колонија. Венецуела ги обнови своите претензии на територијата откако пред неколку години беа откриени морските […]

Ученичка пукала во училиште во Русија и се самоубила, петмина повредени


Москва – Утрово имало пукање во училиште во областа Брјанск во Русија. Ученичка од осмо одделение донела огнено оружје (во училиштето) од кое пукала неколку пати, потврдија оперативните служби. „Според првичните информации, една ученичка внела огнено оружје во училиштето и испукала неколку истрели, при што се повредени пет лица. Потоа девојката се самоубила“, соопштија од […]

Германските машиновозачи стапуваат во нов 24-часовен штрајк, втор за помалку од еден месец


Германските машиновозачи синоќа стапија во 24-часовен штрајк со што вторпат за помалку од еден месец ќе биде прекинат меѓународниот, регионалниот и приградскиот железнички сообраќај, како дел од тековниот спор околу платите, јави ДПА. Националниот штрајк, што почна синоќа во 22 часот  и ќе трае до вечерва до 22 часот, најверојатно ќе доведе до откажување на […]

ЕУ би можела да ги заостри санкциите кон Хамас и да ги воведе за израелските доселеници


 Европската унија треба да размисли за заострување на санкциите кон Хамас и воведување санкции за израелските доселеници одговорни за насилството на Западниот Брег, соопшти дипломатската служба на Европската унија во документот подготвен за состанокот на шефовите на дипломатиите на блокот. Документот им дава на министрите опции што треба да ги разгледаат на состанокот во Брисел […]

Тројца загинати во пукањето во кампусот во Лас Вегас, едно лице рането


По пукањето во кампусот на Универзитетот во Невада, во Лас Вегас, три лица се убиени, а едно е рането, додека напаѓачот е убиен од полицијата, јави Си-Ен-Ен. – Повреденото лице, кое било во критична состојба, е згрижено во болницата Санрајс и сега е во стабилна состојба, изјави шерифот на полицијата во Лас Вегас, Кевин Мекмахил. […]

Путин и саудискиот престолонаследник разговараа за односите меѓу двете земји и за ситуацијата во Појасот Газа


Рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад разговараа за натамошниот развој на соработката меѓу двете земји и ситуацијата во Појасот Газа. Бин Салман ја пофали соработката меѓу Русија и Саудиска Арабија која помогна, како што наведе, „да се отстранат тензиите на Блискиот Исток“, објави саудиската […]

Г7 ја потврдија поддршката за создавање палестинска држава


Лидерите на земјите од Г7, на нивната синоќешна видеоконференциска средба, повикаа на „враќање на поширокиот мировен процес“ меѓу Израелците и Палестинците. Со тоа тие ја потврдија својата поддршка за создавање на палестинска држава. „Остануваме посветени на создавањето палестинска држава како дел од решението за две држави што им овозможува на Израелците и Палестинците да живеат […]

„Еурактив“: Европската комисија подготвува „единствен пазар“ за одбранбената индустрија


Предлогот на Европската комисија за изработка на стратегија на ЕУ за одбранбената индустрија предвидува воспоставување и обезбедување на систем за снабдување со одбранбени производи, кој ќе опфати мапирање, следење, утврдување на приоритните нарачки и олеснет извоз во ЕУ, наведува „Еурактив“ повикувајќи се на содржината на нацрт-документот на ЕК во кој имал увид. – Стратегијата за […]

Сенатот не ја изгласа предложената помош за Украина и Израел


Републиканците во Сенатот ја блокираа помошта за Израел и Украина за време на гласањето синоќа, во протест на, како што тие сметаат, разлабавената безбедносна политика на границите на САД.  Се гласаше по чисто партиска линија, со 49 против 51. За носење закон потребни се 60 гласови. При крајот на гласањето лидерот на мнозинството во Сенатот, […]

Пукање во центарот Брисел, четири лица повредени


Четири лица се повредени вечерва при покотница на авенијата „Тоазон Д’Ор“, една од главните шопинг улици во центарот на Брисел. Според полицијата, најверојатно станува збор за криминална пресметка. – Добивме пријава за пукотница на „Тоазон Д’Ор“ околу 19:30 часот. Нашите полицајци веднаш излегоа на местото на настанот и го блокираа реонот, изјави портпаролката на бриселската […]

Поранешниот спикер Мекарти го напушта американскиот Конгрес


  Поранешниот претседател на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти, поднесува оставка од Конгресот и ќе си замине на крајот на оваа година, објави тој во авторски текст на „Волстрит џорнал“ во средата – многу очекувана одлука што доаѓа два месеци по неговото невидено соборување од претседателската функција. Одлуката на Мекарти ќе го намали веќе […]

Влади шпионираат мобилни телефони преку известувањата за апликации, предупреди американски сенатор


Вашингтон – Владите вршат шпионажа преку апликации за мобилни телефони, а особено преку известувањата испратени преку нив, предупреди денеска американски сенатор, без да именува конкретни земји. Во писмо до Министерството за правда на САД, сенаторот Рон Вајден наведува дека странски претставници побарале податоци од Гугл, чија матична компанија е Алфабет и Епл. Иако во писмото […]