Пукање во средно училиште во американската држава Ајова, има застрелани – напаѓачот е мртов


Повеќе лица се застрелани во средното училиште во Пери, Ајова, изјави шерифот на округот Далас, Адам Инфанте на прес-конференција.

Напаѓачот најверојатно е мртов, а се претпоставува дека сам си го одзел животот. 

Засега се знае дека едно лице починало откако било застрелано, а две се ранети. 

Полицијата го идентификувала напаѓачот, но не соопштува повеќе детали за пукањето во тоа средно училиште што се наоѓа во американската држава Ајова.

Силно полициско и медицинско присуство има околу гимназијата, на околу 60 км северозападно од центарот на Де Моин во округот Далас, јавија американските медиуми.

На терен се и службеници од ФБИ. 

Првите информации за пукотницата стигнале рано утрото по локално време околу 7.40 часот, а училиштето е евакуирано во 8.25 часот.

Претседателот ЏО Бајден будно ја следи ситуацијата во Ајова.