Тајван детектирал уште три кинески балони над островот


Кинески хеликоптери во Тајванскиот теснец

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека вчера забележало уште три кинески балони како летаат над Тајванскиот теснец.

Како што наведоа, еден од нив го прелетал островот, што е втор ден по ред како се забележува ваква активност.

Регионот на Тајван е во состојба на зголемена готовност поради кинеските активности, воени и политички, пред изборите на островот на 13 јануари.

Тајпеј тврди дека Пекинг врши воен и економски притисок врз регионот да се меша во изборите.

Наводните кинески шпионски балони станаа тема кога беа забележани и соборени над американско тло минатата година. Пекинг тогаш рече дека се работи за метеоролошки балони.

Овој пат, еден од балоните е забележан на 83 километри северно од Хсинчу, каде што се наоѓа воена база во регионот, додека другите два летаа над островот Пенгу, каде што се наоѓа друга база.

Сепак, мапата што ја покажа регионалното министерство покажа само еден балон како лета над Тајван.

Министерството за одбрана на Пекинг одби да го коментира проблемот со балонот минатата недела.