Воената хунта во Мјанмар помилува 10.000 затвореници


Воената хунта во Мјанмар денеска помилува речиси 10.000 затвореници во рамки на одбележувањето на годишнината од независноста од Британија. Станува збор за дел од политичките затвореници кои се казнети поради спротивставување на воената управа.

Во извештајот на државната телевизија на Мјанмар (МРТВ) се наведува дека шефот на воениот совет на Мјанмар, генерал Мин Аунг Хлианг, помилувал 9.562 затвореници во рамки на одбележувањето на Денот на независноста на земјата и дека ослободувањето започнало денеска и ќе продолжи неколку дена.

Хунтата амнестирала и 114 затворени странски државјани кои веднаш ќе бидат депортирани, наведува МРТВ во посебен извештај.