Хамас смета дека израелскиот предлог не ги задоволува барањата на палестинската страна


Официјалниот претставник на Хамас, Али Барака, во изјава за британските медиуми вчера истакна дека движењето го отфрла израелскиот предлог за прекин на огнот претставен на разговорите во Каиро. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, вчера, исто така, соопшти дека е утврден датумот за почеток на офанзивата на израелските сили (ИДФ) на Рафа, град на самиот југ на […]

Камерон пред посетата на Вашингтон ќе се сретне со Трамп во Флорида


Шефот на британската дипломатија, Дејвид Камерон, ќе се сретне со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на Флорида на почетокот на неговата дводневна посета на Вашингтон, објави Лондон. -Посетата на Вашингтон, денеска и утре, ќе следи по средбата на министерот со поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида, изјави портпаролот на британското министерство за надворешни работи. „Вообичаено […]

Европските партии ќе потпишат Кодекс на однесување за Евроизборите


Европските политички партии денеска во Брисел ќе потпишат Кодекс на однесување за изборите за членови во Европарламентот закажани за јуни годинава, на церемонија чиј домаќин ќе биде потпретседателката на Еврокомисијата за вредности и транспарентност Вера Јоурова. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со ставањето потпис на Кодексот европските партиски групации се обврзуваат дека […]

Нетанјаху: Постои датум за инвазија врз Рафа. САД: Не сме информирани


 Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „постои датум“ за воена инвазија врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа. Тој во денешната видеопорака истакна дека операцијата во Рафа е од суштинско значење за победата на Израел во војната со Хамас. – Тоа ќе се случи. Постои датум, истакна Нетанјаху, не откривајќи детали. […]

Франција има воен радар кој сите очајно го посакуваат: Фаќа сè, од птици до ракети


Еден од најпродаваните производи на француската воена индустрија е радарот за воздушен надзор Ground Master (GM). Фабриката, во сопственост на Талес и лоцирана во малото гратче Лимур, на околу 50 километри јужно од Париз, се обидува да го удвои своето производство, но се соочува со низа проблеми кои вообичаено го мачат европскиот одбранбен сектор. „Со […]

Протести во Грузија поради новиот предлог-закон за странски агенти


  Грузиската владејачка партија Грузиски сон денеска поднесе предлог-закон до Парламентот, кој бара од медиумите и невладините организации да се регистрираат дека се под странско влијание доколку 20 отсто од финансирањето им е од странство. Поради предлог-законот опозицијата повикува на масовни протести. Предлог-законот е идентичен со тој што партијата Грузиски сон веќе го поднесе пред […]

Германците, запрепастени од криминалот меѓу странците, сакаат да ја ограничат имиграцијата


Во Германија, во понеделникот, откако во јавноста протекоа податоците за стапката на криминал меѓу странското население, која значително се зголеми во последната година, повторно беше отворена дебатата за потребата од ограничување на миграцијата. „Овој многу негативен развој покажува колку е напната ситуацијата со интеграцијата на странците и затоа итно ни е потребна годишна горна граница […]

Шпанскиот Врховен суд го повика Пуџдемон да сведочи во истрагата за „тероризам“


Врховниот суд на Шпанија денеска го повика пребегнатиот поранешен претседател на регионалната влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон, да биде сведок на одбраната во случајот за наводен тероризам за време на протестите поврзани со неуспешниот референдум за независност на Каталонија во 2017 година. Пуџдемон и членот на каталонскиот регионален Парламент, Рубен Вагенсберг, се поканети доброволно да […]

Шпанија ќе ги укине „златните визи“ за странските инвеститори


Премиерот на Шпанија, Педро Санчез денеска најави суспендирање на програмата за така наречените златни визи, кои се издаваат на граѓани на земји надвор од Европска Унија, кои инвестирале значителни средства во недвижен имот во земјава. Програмата предвидува дека странците кои ќе инвестираат најмалку 500.000 евра на пазарот на недвижности во Шпанија ќе добијат право на […]

Жителите на Ибица живеат во автомобили и шатори поради високите цени на киријата


Цезар Небрера е еден од мештаните на Ибица кои живеат во своите автомобили бидејќи поради зголемените цени на киријата не може да си дозволи соодветен дом. Небрера е принуден да живее во својата зелена Kia, која ја паркирал под дрво до главниот пат недалеку од градот Ибица. „Ми недостигаат основните работи кои го прават животот […]

Трамп кажа што мисли за абортусот и разлути многу од републиканците


  Поранешниот претседател Доналд Трамп рече дека верува оти абортусот треба да им се остави на државите во видеото објавено во понеделникот наутро, во кое ја прикажува неговата позиција по неколкумесечни мешани пораки и шпекулации. „Многу луѓе ме прашаа каков е мојот став за абортусот и правата за абортус“, рече Трамп во видеото објавено на […]

Столтенберг: Сојузот на авторитарни сили се поблиску соработува против Западот


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека „сојуз на авторитарните сили“, во кој, според него, се Русија, Иран, Кина и Северна Кореја, сè поблиску соработува против западните демократии. Тој оцени дека соработката на „сојузот“ се повеќе се координира, а како пример го наведе фактот што Русија им дала технологија на Иран и Северна Кореја […]

Пукна уште една брана во Русија, близу до првата


  Уште една брана пукна во Русија – водата почна да се излева од браната во Новотроицк, која се наоѓа во близина на Орск во областа Оренбург, изјави регионалниот гувернер Денис Паслер. Според него, нивото на водата е на околу 8,5 метри. Гувернерот најави почеток на евакуација на локалните жители во центрите за привремено сместување. […]

Од сега многу потешко ќе може да се преселите во Нов Зеланд


  Нов Зеланд ќе ги заостри своите визни правила за некои мигранти бидејќи коалициската влада се движи кон ремонт на имиграцискиот систем за кој вели дека доведе до „неодржливи“ нивоа на миграција. Минатата година, годишната нето миграција во Нов Зеланд достигна рекордно високо ниво од повеќе од 173.000 граѓани кои не се државјани на Нов […]

Агенција: Во Европа се шверцуваат гасови кои ја затоплуваат климата


Огромни количества на разладни гасови кои ја затоплуваат климата од Кина и Турција илегално се шверцуваат во Европа, што го поткопува глобалниот пакт за нивно постепено отстранување, се вели во извештајот на Агенцијата за истражување на животната средина (EIA) со седиште во Лондон. Гасовите се флуоројаглеводороди (HFC), низа хемикалии кои се користат главно за индустриско […]

Германија се соочува со тужба за геноцидот во Газа пред највисокиот суд на ОН


Германија, во понеделник, се соочува со обвинувањата на Никарагва пред највисокиот суд на ОН во Хаг дека „го олеснила извршувањето на геноцид“ врз Палестинците со обезбедување воена и политичка поддршка на Израел. Никарагва ја тужеше Германија пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), барајќи од судиите да преземат итни мерки за да го спречат Берлин да […]

Силен земјотрес го погоди Тајван


 Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван, јавува ЕМСЦ (EMSC). Земјотресот е регистриран во 13 часот и 9 минути по локално време. Засега нема информации за повредени или материјална штета. Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала минатата недела исто така го погоди овој остров и оттогаш тлото […]

(Видео) Отпадна капак на мотор на „Боинг“ во САД


Капакот на моторот на Боинг 737-800 во сопственост на Саутвест ерлајнс (Southwest Airlines) падна за време на полетувањето во Денвер во неделата и удри во закрилецот, што ја натера американската Федерална управа за авијација (FAA) да отвори истрага. Никој не беше повреден, а летот 3695 безбедно се врати на аеродромот во Денвер околу 8:15 часот […]

Столтенберг за Би-Би-Си: Сојузот на авторитарни сили сè повеќе соработува против Западот


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека „сојуз на авторитарните сили“, во кој, според него, се Русија, Иран, Кина и Северна Кореја, сè поблиску соработува против западните демократии. Тој оцени дека соработката на „сојузот“ се повеќе се координира, а како пример го наведе фактот што Русија им дала технологија на Иран и Северна Кореја […]

Масовни протести низ Израел: Десетици илјади граѓани побараа оставка од Нетанјаху


Десетици илјади Израелци викендов демонстрираа низ целата земја против владата на Бенјамин Нетанјаху, барајќи посериозни напори за ослободување на заложниците кои Хамас ги држи шест месеци. Само во Тел Авив, како што пренесува Гардијан, на улиците излегле 100.000 луѓе. Извикувајќи „избори сега“, демонстрантите го повикаа Нетанјаху веднаш да поднесе оставка и побараа избори. Локалните медиуми […]