Шефицата на кабинет на Стармер поднесе оставка откако се дозна дека имала поголема плата од премиерот


Лондон – Сју Греј, шефица на кабинет на британскиот премиер Кир Стармер, денеска поднесе оставка, по неодамнешните критики и тензии меѓу неа и главниот советник на премиерот, Морган МекСвини, за веста дека таа заработува повеќе од премиерот. Би-Би-Си објави дека годишната плата на Греј била 170.000 фунти, што е за околу 3.000 фунти повеќе од годишната …

Шефицата на кабинет на Стармер поднесе оставка откако се дозна дека имала поголема плата од премиерот Read More »

Хезболах со ракети ја погоди Хаифа


Бејрут – Ракети на Хезболах го погодија Хаифа, третиот по големина град во Израел, соопшти израелската полиција, а израелските медиуми објавија дека 10 лица се повредени на северот на земјата. Хезболах соопшти дека гаѓал на воена база јужно од Хаифа со проектил „Фади 1“. Медиумите јавуваат дека две ракети паднале на Хаифа на брегот на Средоземното …

Хезболах со ракети ја погоди Хаифа Read More »

Веројатниот наследник на лидерот на Хезболах, Каани исчезна по израелските напади на Бејрут


Бејрут– Есмаил Каани, командантот на иранските сили Кудс кој отпатува во Либан по атентатот на лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насралах, не се огласил од минатонеделните напади на Бејрут, изјавија денеска двајца високи ирански безбедносни функционери. Еден од официјалните лица изјави дека Каани бил во јужните предградија на Бејрут за време на нападот кој наводно …

Веројатниот наследник на лидерот на Хезболах, Каани исчезна по израелските напади на Бејрут Read More »

Бајден подготвува уште поголема помош за Украина пред крајот на мандатот


Вашингтон – Американскиот претседател Џо Бајден разви нов план за Украина пред неговото заминување од функцијата, пишува порталот „Конверсејшн“. Во статијата се наведува дека шефот на Белата куќа сака да остави наследство, а напредокот во поддршката на Украина може да биде неговата „последна победа“ која ќе се памети. „Прво, тој сака да испрати јасна порака дека …

Бајден подготвува уште поголема помош за Украина пред крајот на мандатот Read More »

Кинески хакери упаднале во супербрзите мрежи на американските интернет провајдери


Њујорк – Кинески хакери упаднале во супербрзите мрежи на американски интернет провајдери и собрале информации од системите што американската федерална влада ги користи за прислушување со судски одобренија, пренесе денеска „Волстрит Џурнал“. Компаниите „Verizon Communications“, „AT&T“ и „Lumen Technologies“ се меѓу телекомуникациските фирми чии мрежи биле пробиени при неодамна откриениот хакерски напад, соопшти њујоршкиот весник, повикувајќи …

Кинески хакери упаднале во супербрзите мрежи на американските интернет провајдери Read More »

Пропалестински протести во Лондон, Париз, Манила… Хаос во Рим, полицијата тепала, употребила воден топ…


Десетици илјади демонстранти излегоа денеска на улиците на неколку големи градови ширум светот за да побараат прекин на крвопролевањето во Газа, додека конфликтот во палестинската енклава се приближува на првата годишнина и се шири во регионот. Околу 40.000 пропалестински демонстранти маршираа низ центарот на Лондон, додека илјадници се собраа во Париз, Рим, Манила и Кејп …

Пропалестински протести во Лондон, Париз, Манила… Хаос во Рим, полицијата тепала, употребила воден топ… Read More »

Илјадници Унгарци протестираа против пропагандата на државната телевизија, бараат непристрасни медиуми


Илјадници луѓе денеска се собраа во Будимпешта пред централата на Унгарската државна медиумска компанија (MTVA), барајќи крај на „владината пропаганда“ во медиумите. Државната телевизија MTVA долго време е обвинувана дека е гласник на премиерот Виктор Орбан, ретко објавувајќи критички вести за неговите постапки и критикувајќи ги сите кои се сметаат за негови противници. Денешниот протест …

Илјадници Унгарци протестираа против пропагандата на државната телевизија, бараат непристрасни медиуми Read More »

Хамас ја потврди смртта на свој командант при израелски напад во Северен Либан


Палестинската вооружена група Хамас денеска ја потврди смртта на уште еден нејзин командир во Либан. Саид Аталах Али, еден од лидерите на Бригадите „Изедин ал Касам“ – военото крило на Хамас, е убиен во израелски напад врз бегалскиот камп Бедави, на околу пет километри северно од пристанишниот град Триполи, во Северен Либан, соопшти Хамас. Либанската …

Хамас ја потврди смртта на свој командант при израелски напад во Северен Либан Read More »

Украинската армија соопшти дека соборила руски борбен авион, Русија тврди дека напредува во источна Украина


– Украинските сили објавија дека денеска собориле руски борбен авион, додека Русија тврди дека постигнала напредок во источна Украина. Руски авион Су-25 бил соборен во близина на градот Константинивка, во областа Доњецк, изјави шефот на воената администрација на градот, Сергиј Горбунов, за украинската јавна телевизија. Објавените фотографии прикажуваат остатоци од авион, откако се урнал врз …

Украинската армија соопшти дека соборила руски борбен авион, Русија тврди дека напредува во источна Украина Read More »

„Емирати“ забранува пејџери и воки-токи на летовите


Авиокомпанијата „Емирати“ со седиште во Дубаи им забрани на патниците да носат пејџери и воки-токи на своите летови откако минатиот месец беа активирани уреди што ги користеше либанската група Хезболах. „На сите патници кои патуваат до, од или преку Дубаи им е забрането да носат пејџери и воки-токи во чекиран или рачен багаж“, се вели …

„Емирати“ забранува пејџери и воки-токи на летовите Read More »

Во воздушни напади во Либан убиени двајца команданти на Хамас


Израелската војска (ИДФ) и израелската безбедносна агенција Шин Бет денеска во заедничко соопштение соопштија дека двајца високи команданти на Хамас се убиени во израелските воздушни напади во Либан. Првиот напад, извршен во текот на ноќта врз бегалскиот камп Бедави, во близина на градот Триполи на северот на Либан, беше насочен кон ликвидација на Саид Аталах …

Во воздушни напади во Либан убиени двајца команданти на Хамас Read More »

Хезболах истрела голем број ракети кон северниот дел на Израел


Либанската милитантна група Хезболах денеска истрела повеќе ракети кон северот на Израел, од кои неколку погодија станбени објекти во Кармиел и Деир ал-Асад. Според израелските власти, десет лица се примени на лекување поради шок, без физички повреди, пренесува Си-Ен-Ен. Неколку противпожарни екипи се распоредени за да интервенираат ако е потребно, додека осум екипи веќе се …

Хезболах истрела голем број ракети кон северниот дел на Израел Read More »

Руските сили зазеле село кај Покровск, 11 ранети во украинските напади околу Горловка


Руските сили зазеле село во близина на Покровск, логистички центар во источна Украина, а 11 лица се ранети во украинските напади околу градот Горловка, на територија окупирана од Русија. Според извештајот на руското Министерство за одбрана, селото било „ослободено благодарение на активната и решителна акција“. Селото се наоѓа југоисточно од градот Украинск, кој руската војска …

Руските сили зазеле село кај Покровск, 11 ранети во украинските напади околу Горловка Read More »

Сирија поднесе барање за членство во БРИКС


Сирија сака да се приклучи на организацијата БРИКС и веќе поднела барање за прием, соопшти денеска сирискиот амбасадор во Русија, Башар Џафари. Тој истакна дека неговата земја е многу заинтересирана да се приклучи кон организацијаата, пренесуваат руските медиуми. Испративме писмено барање за прием во БРИКС“, рече сирискиот амбасадор на маргините на форумот „Северен Кавказ: Нови …

Сирија поднесе барање за членство во БРИКС Read More »

Израел бомбардираше џамија во близина на болница во јужен Либан, има повредени


Израелската војска денеска соопшти дека бомбардирала џамија во непосредна близина на болница во јужен Либан, тврдејќи дека во неа има скриен команден центар на Хезболах, јави ДПА. Израелските одбранбени сили (ИДФ) во објава на мрежата Х објавија дека нападот бил насочен кон „терористи на Хезболах“ кои ја користеле џамијата во близина на болницата Салах Гандур …

Израел бомбардираше џамија во близина на болница во јужен Либан, има повредени Read More »

Столтенберг: НАТО премина многу црвени линии што ги постави Путин, но тој не направи ништо


НАТО веќе премина многу црвени линии што ги постави рускиот лидер Владимир Путин, но тој не направи ништо, изјави поранешниот генерален секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во интервју за „Фајненшл тајмс“. -Ако не нешто друго, јас се залагам за преминување на сите овие таканаречени црвени линии што Путин ги постави. И ние преминавме многу од …

Столтенберг: НАТО премина многу црвени линии што ги постави Путин, но тој не направи ништо Read More »

Маск ќе присуствува на митингот на Трамп во Батлер, Пенсилванија, каде што беше застрелан во јули


Милијардерот Илон Маск ќе присуствува на митингот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Батлер, Пенсилванија, во сабота, на истата локација каде што Трамп беше застрелан во уво во обид за атентат за време на говорот во јули. Маск, кој во последниве месеци стана клучна фигура во кампањата на Трамп и ги зголеми своите политички трошоци …

Маск ќе присуствува на митингот на Трамп во Батлер, Пенсилванија, каде што беше застрелан во јули Read More »

Иранската телевизија објави видео од нападот во кој беше убиен лидерот на Хезболах во Бејрут


Иранските медиуми објавија видео од моментот на израелскиот напад на бункерот на Хезболах во Бејрут, Либан, во кој минатата недела беше убиен лидерот на шиитската милиција Хасан Насрала. Во серија израелски напади беа убиени многу високи водачи на либанската милитантна група, нејзините електронски уреди беа кренати во воздух и уништен е дел од нејзиниот огромен …

Иранската телевизија објави видео од нападот во кој беше убиен лидерот на Хезболах во Бејрут Read More »

Израел го уби лидерот на вооруженото крило на Хамас во Либан


Во северен Либан е убиен Саид Аталах, шеф на вооруженото крило на Хамас – бригадите Ал Касам, јавија денеска британските медиуми, цитирајќи локален медиум поврзан со ова палестинско движење. Медиумите блиски до Хамас денеска објавија дека Аталах бил убиен, заедно со тројца членови на семејството, во израелски напад врз палестински бегалски камп во северниот либански …

Израел го уби лидерот на вооруженото крило на Хамас во Либан Read More »

Израелските сили се обидуваат да влезат во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут


Либанското милитантно движење Хезболах утринава соопшти дека продолжуваат борбите против израелските сили на границата, а сведоци од Бејрут јавуваат дека во либанскиот главен град повторно се слушаат експлозии. Британските медиуми го цитираат милитантното движење кое утринава објави дека ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј и дека во тек се жестоки борби. …

Израелските сили се обидуваат да влезат во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут Read More »