САД: Севернокорејските трупи веќе се борат во Украина, но не е јасно со каков успех


Повеќето војници од севернокорејскиот контингент од 10.000 војници, испратени во Русија за да и помогнат во борбата против Украина, влегле во борба во западниот регион Курск, но неизвесно е дали нивното вклучување во војната ќе се исплати, изјави портпаролот на Стејт департментот. – Дали Русија навистина ќе има корист од севернокорејските трупи на бојното поле …

САД: Севернокорејските трупи веќе се борат во Украина, но не е јасно со каков успех Read More »

Палестински власти: Израел уби повеќе од 12.000 палестински ученици и студенти од октомври 2023


Палестинското Министерство за образование со седиште во Рамала вчера соопшти дека израелската армија од 7 октомври 2023 година во Појасот Газа и на Западниот Брег убила повеќе од 12.000 и ранила 19.000 палестински ученици и студенти. Министерството појасни дека од 7 октомври 2023 во Појасот Газа биле убиени 11.249 ученици, а 17.335 биле ранети, додека …

Палестински власти: Израел уби повеќе од 12.000 палестински ученици и студенти од октомври 2023 Read More »

Џон Ретклиф ќе биде новиот директор на ЦИА, Стив Виткоф пратеник за Блискиот Исток


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека за нов директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ќе го именува поранешниот директор на Националната разузнавачка агенција (ДНИ) Џон Ретклиф. Покрај тоа, Трамп најави дека ќе го назначи инвеститорот и донатор на кампањата Стив Виткоф за свој специјален пратеник за Блискиот Исток, а секретарот на Белата …

Џон Ретклиф ќе биде новиот директор на ЦИА, Стив Виткоф пратеник за Блискиот Исток Read More »

Трамп ќе го номинира водителот на Фокс њуз, Пит Хегсет за министер за одбрана


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го номинира водителот на Фокс њуз, Пит Хегсет за функцијата министер за одбрана. -Пит е цврст, паметен и вистински верник во Америка пред се. Со Пит на чело, непријателите на Америка се на повидок. Нашата војска повторно ќе биде одлична, а Америка никогаш нема да отстапи, рече …

Трамп ќе го номинира водителот на Фокс њуз, Пит Хегсет за министер за одбрана Read More »

Воздушна тревога низ целата земја во Украина, претседателството предупредува за ракетен напад врз Киев


Украинските власти издадоа предупредувања за воздушен напад за целата земја, додека шефот на кабинетот на претседателот предупреди за можен ракетен напад врз главниот град. „Путин во моментов подготвува ракетен напад врз Киев“, објави Андриј Јермак на Течеграм. Воздухопловните сили на Украина претходно предупредија дека проектил навлегол во воздушниот простор на земјата и се движи кон …

Воздушна тревога низ целата земја во Украина, претседателството предупредува за ракетен напад врз Киев Read More »

САД ги суспендираа летовите за Хаити откако беше пукано врз авиони


Американскиот воздухопловен регулатор ги суспендираше летовите на американските авиопревозници за Хаити на најмалку 30 дена по три истрели во еден ден насочени кон авиони кои полетуваа од оваа карипска држава, објави Би-Би-Си. Авионите на „ЏетБлу“, „Спирит“ и „Американ Ерлајнс“ беа погодени со куршуми во понеделникот при пристигнувањето во главниот град Порт-о-Пренс. Во нападот на авионот …

САД ги суспендираа летовите за Хаити откако беше пукано врз авиони Read More »

Кој е поглаварот на Англиканската црква, Џастин Велби, и зошто тој поднесе оставка за време на скандалот?


  Надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, поглаварот на Англиската црква и духовен водач на светската англиканска заедница, поднесе оставка во вторникот поради последиците од долготрајниот скандал за сексуална злоупотреба. Велби се повлече откако независна истрага покажа дека не ја известил полицијата за сериско физичко и сексуално злоставување од страна на волонтер во христијанските летни кампови …

Кој е поглаварот на Англиканската црква, Џастин Велби, и зошто тој поднесе оставка за време на скандалот? Read More »

Ќе се зголемат платите на 3,9 милиони индустриски работници во Германија


Во Германија 3,9 милиони луѓе вработени во металуршката и електротехничката индустрија ќе добијат зголемување на платите во следните две години, јави ДПА. Претставниците на влијателниот германски синдикат „ИГ Метал“ и организациите на работодавачи постигнаа договор за зголемување на платите за 5,1 отсто. Тоа се планира да се направи во две фази. Во април 2025 година …

Ќе се зголемат платите на 3,9 милиони индустриски работници во Германија Read More »

Судија во Њујорк ја паузира постапката против Трамп во врска со случајот Сторми Даниелс


Њујорк – Судија во сојузната држава Њујорк денеска одлучи да ја паузира постапката против новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во која веќе е донесена пресуда, под обвиненија дека тајно и се плаќани пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. Судијата Хуан Мерчан до денеска требаше да донесе одлука дали пресудата на Трамп може …

Судија во Њујорк ја паузира постапката против Трамп во врска со случајот Сторми Даниелс Read More »

Силни турбуленции на летот на „Луфтханза“ за Франкфурт, повредени 11 лица


Единаесет лица се повредени кога авион на Луфтханза од Буенос Аирес до Франкфурт беше погоден од силни турбуленции над Атлантикот, соопшти во вторникот авиокомпанијата. „Пет патници и шест членови на екипажот претрпеа главно полесни повреди“, изјави портпаролот на Луфтханза за Ројтерс, потврдувајќи го извештајот на новинската агенција ДПА. „Безбедноста на летот во ниту еден момент …

Силни турбуленции на летот на „Луфтханза“ за Франкфурт, повредени 11 лица Read More »

Стармер ќе го повика Бајден да одобри пакет помош од 20 милијарди долари за Украина


Британскиот премиер Кир Стармер притиска за директни разговори со американскиот претседател Џо Бајден и ќе го повика следната недела да одобри пакет помош од 20 милијарди долари за Украина, пишува Телеграф. Пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, британскиот премиер се надева дека ќе разговара со актуелниот претседател на САД и ќе се обиде …

Стармер ќе го повика Бајден да одобри пакет помош од 20 милијарди долари за Украина Read More »

Алиев ги пречека со навреди западните лидери


БАКУ, Азербејџан – Нафтениот автократ и домаќин на овогодинешните разговори за климата COP29, Илхам Алиев, го искористи своето воведно обраќање за да им замери на „лицемерните“ западни влади кои купуваат од него гас и му држат предавања за загадување на планетата. „За жал, двојните стандарди, навиката да се држат предавања на други земји и политичкото …

Алиев ги пречека со навреди западните лидери Read More »

Шпанија се соочува со нови врнежи додека се уште трае потрагата по 23 исчезнати луѓе


 Шпанската метеоролошка служба AEMET издаде обновени предупредувања за невреме во поголемиот дел од земјата од денеска до четврток, две недели откако дождовите и поплавите однесоа повеќе од 220 животи, повеќето од нив околу источниот град Валенсија. Властите на Валенсија го намалија бројот на исчезнати на 23 од 32, откако продолжија со пребарувањата главно во морето …

Шпанија се соочува со нови врнежи додека се уште трае потрагата по 23 исчезнати луѓе Read More »

„Нафтата е подарок од господ“: Претседателот на Азербејџан на отворањето на климатскиот самит


  БАКУ, Азербејџан – Автократот на нафтената држава и домаќин на овогодинешните разговори за климата КОП29, Илхам Алиев, го искористи своето воведно обраќање им забележа на западните влади дека се лицемерни кои купуваат од него гас гас и му држат предавања за загревање на планетата. „За жал, двојните стандарди, навиката да се држат предавања на …

„Нафтата е подарок од господ“: Претседателот на Азербејџан на отворањето на климатскиот самит Read More »

Германија оди на избори на 23 февруари


  Германија се очекува да одржи предвремени избори на 23 февруари по договорот постигнат во вторник наутро од парламентарните фракции од водечките социјалдемократи и опозициските конзервативци. Датумот мора да биде официјално потврден од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, но тоа се смета за формалност. Датумот, откако беше потврден, ќе донесе јасност по неколкудневните внатрешни борби и шпекулации …

Германија оди на избори на 23 февруари Read More »

Десетици вооружени хулигани запалија трамвај во Амстердам


Десетици луѓе вооружени со палки и петарди вчера запалија трамвај во Амстердам, соопшти холандската полиција, наведувајќи дека се зголемиле тензиите во градот по минатонеделната насилна пресметка меѓу навивачите на израелскиот фудбалски клуб Макаби и амстердамски Ајакс. Полицијата соопшти дека пожарот во трамвајот бил брзо изгаснат и дека единиците за контрола на немири го расчистиле квартот …

Десетици вооружени хулигани запалија трамвај во Амстердам Read More »

Кац: По израелските воздушни напади, иранските нуклеарни објекти се поранливи од кога било


 Новиот израелски министер за одбрана Израел Кац изјави вчера дека по израелските воздушни напади врз иранските системи за противвоздушна одбрана, иранските нуклеарни објекти се „поранливи од кога било“. -Иран денес е повеќе од кога било изложен на заканата од уништување на неговите нуклеарни постројки. Постои можност да ја постигнеме најважната цел – да ја спречиме …

Кац: По израелските воздушни напади, иранските нуклеарни објекти се поранливи од кога било Read More »

Воена вежба на руска фрегата во Ла Манш


Руска фрегата вооружена со хиперсонични противбродски ракети „Циркон“, изведува антитерористичка вежба и обука за избегнување опасни цели во Ла Манш. Фрегатата на Северната флота „Адмирал Головко“ мина низ Ла Манш и во моментов извршува мисии во одредените области на Атлантски Океан. Тоа е прво патување на долги растојанија на фрегата откако беше пуштена во употреба …

Воена вежба на руска фрегата во Ла Манш Read More »

Трамп номинираше шеф на агенцијата за животна средина кој им помагал на нафтените компании


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека за раководител на Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) ќе го номинира поранешниот републикански конгресмен Ли Зелдин, кој често гласаше против нацрт-законите за зелените прашања, вклучително и мерката за спречување на нафтените компании да ги зголемат цените. „Ќе обезбеди донесување правични и брзи одлуки за дерегулација …

Трамп номинираше шеф на агенцијата за животна средина кој им помагал на нафтените компании Read More »

Мајк Волц ќе биде новиот советник за национална безбедност на Трамп


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра конгресменот од Флорида Мајк Волц за свој иден советник за национална безбедност, јавија американски медиуми повикувајќи се на извори. Како републикански конгресмен лојален на Трамп, тој служеше и во Националната гарда како полковник и дипломираше со почести на Воениот институт во Вирџинија. Волц (50) ги критикуваше активностите на …

Мајк Волц ќе биде новиот советник за национална безбедност на Трамп Read More »