„Заклучете ги сите врати и скријте се“; Службата за парламентарна заштита на Канада со предупредување


Зградата на канадскиот парламент е затворена, додека полицијата ги предупредува граѓаните да ја избегнуваат областа. Собраниската служба за безбедност (ППС) прогласи заклучување во зградата на Источниот блок на Парламентот Хил. Известување за заклучувањето беше испратено до персоналот што работи на Парламент Хил во саботата попладне. Полицијата малку подоцна извести дека маж влегол во зградата на […]

Протести низ Европа против Трамп


Илјадници луѓе протестираа во европски градови денеска против политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот советник Илон Маск, по бурната недела на финансиските пазари додека Трамп воведе глобални царини. Во германскиот град Франкфурт, групата Демократи во странство, официјалната организација на Демократската партија за американските граѓани кои живеат во странство, организираше протести. Во Берлин, протестирајќи […]

Белата куќа на X: Американците веќе ги гледаат позитивните резултати од царините на Трамп


Белата куќа на социјалната мрежа Х објави дека Американците веќе ги чувствуваат позитивните ефекти од царините што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе претходно оваа недела. Според соопштението, големите компании како Нисан, Џенерал Моторс и Форд одговорија на новата трговска политика со зачувување на работните места и зголемување на производството во САД. Нивното соопштение за […]

Стотици илјади луѓе на улиците на Шпанија поради зголемените цени на киријата


Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во 40 шпански градови за да протестираат против зголемените кирии и недостигот на прифатливи домови во земјата која ужива во најбрзиот економски раст во Европа, и каде што проблем е големиот недостиг на станбени единици поради туризмот. Шпанската левичарска влада се бори да постигне рамнотежа помеѓу привлекување туристи и […]

За само неколку недели, вирусот што ја уби сопругата на Џин Хекман, однесе неколку животи во САД


Во четвртокот калифорниските власти објавија смрт на три лица кои подлегнаа на хантавирусот, истиот оној што ја уби Бетси Аракава, сопругата на актерот Џин Хекман, пишува Paris Match. За само неколку недели, вирусот добро познат на експертите однесе неколку животи во јужниот дел на Соединетите држави. На 26 февруари, Бетси Аракава, сопруга на американскиот актер […]

Русија: Украина ги интензивира нападите врз енергетската инфраструктура и покрај мораториумот


 Министерството за одбрана на Русија денеска ја обвини Украина дека вчера извршила 14 напади врз локации на руската енергетска инфраструктура, и покрај мораториумот со посредство на САД на нападите врз такви објекти. Нападите предизвикаа штета во регионите Брјанск, Белгород, Смоленск, Липецк и Воронеж, како и во украинските региони Луганск и Керсон, чии делови се под […]

Ким Џонг Ун пробува нов снајпер: „Погоди“ во центарот на метата


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун тестирал ново развиена снајперска пушка, објавија државните медиуми во саботата, додека ги прегледувал специјалните сили чија обука ја опиша како зајакнување на „вистинската воена способност за гарантирање на победата“. Војниците се меѓу илјадниците војници што Пјонгјанг ги испрати во Русија за да ја поддржи војната на Москва против Украина, според […]

Швајцарската претседателка: Воведувањето царини од страна на САД е повик за будење


Швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер денеска предупреди дека воведувањето американски царини за Швајцарија од 31 отсто е „аларм“. -Она што ни треба сега е да ги објасниме работите на преговарачката маса, изјави Келер-Сутер. „Швајцарија има многу да понуди“, рече Келер-Сатер, додавајќи дека земјата е „важен економски партнер“ и дека швајцарските компании се меѓу водечките странски инвеститори […]

Две студентки убиени во Италија, телото на едната е пронајдено во куфер


По убиството на две студентки, во Италија има повик за „културен бунт“. Со нивното убиство, бројот на убиени жени во оваа земја од почетокот на оваа година се зголеми на 11. Сара Кампанела (22), студентка по биомедицина, на 31 март попладнето била избодена со нож на автобуска постојка во сицилијанскиот град Месина и починала додека […]

Земјотрес со јачина од 6,9 степени во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја


Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја, објави Геолошкиот институт на Соединетите држави. Земјотресот бил во близина на островот Нова Британија, а предупредувањето за цунами било на сила кратко време. Нема информации за причинета штета. Земјотресот бил во 6:04 часот по локално […]

Бројот на загинати во Мјанмар достигна 3.354, САД ја зголемува помошта на девет милиони долари


Бројот на жртвите од разорниот земјотрес во Мјанмар достигна 3.354, повредени се 4.850, а прогласени за исчезнати се 220 лица. Лидерот на воената влада, генерал Мин Аунг Хлаин се врати во главниот град Нејпидо по едно од неговите ретки патувања во странство. Во главниот град на Тајланд, Бангкок, тој учествуваше на самитот на земјите од […]

Советот за човекови права на ОН усвои две палестински резолуции


 Советот за човекови права на Обединетите нации усвои две резолуции презентирани од Палестина, со кои се потврдува незаконитоста на израелската окупација и се поддржува правото на палестинскиот народ на самоопределување. Првата резолуција признава дека израелската окупација на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, е против меѓународното право и мора да престане. Исто така, се […]

Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот


Неколку медицински сестри кои работеле на ист кат во болница во Бостон, во американската сојузна држава Масачусетс, се разболеле од тумори на мозокот, но истрагата на болницата утврдила дека во таа установа немало никаков ризик за животната средина, што наишло на сомнеж од синдикатот на медицинскиот персонал, јавија американски медиуми. Официјални лица од болницата Њутон-Велсли […]

Осуммина обвинети во рамките на истрагата за поткуп во Европскиот парламент


Осум лица се обвинети за корупција, перење пари и учество во криминална организација по истрагата за поткуп во Европскиот парламент, објави синоќа белгиски обвинител. Белгиските обвинители на 13 март соопштија дека уапсиле неколку лица под сомнение за поткуп во Европскиот парламент, наводно во корист на кинеската Хуавеј. На 13 март, белгиските инспектори претресоа 21 просторија […]

Четворица републикански сенатори против Трамп. Сакаат да му ги намалат овластувањата за царина


Четири претставници на републиканците во американскиот Сенат вчера, на вториот ден од падот на берзите, изразија поддршка за нацрт-законот според кој воведувањето нови царини треба да го одобри Конгресот. Во Сенатот моментално има 53 републиканци, 45 демократи и двајца независни сенатори. Републиканските сенатори Лиза Мурковски од Алјаска, Мич Меконел од Кентаки, Џери Моран од Канзас […]

Стапија на сила основните царини од десет осто наметнати од Трамп


 Голем дел од стоките увезени во САД од остатокот од светот почнаа да се оданочуваат со дополнителна царина од 10 отсто, создавајќи невидена ситуација во светската трговија, чие влијание допрва ќе се чувствува во наредните денови, јавија американските медиуми. Оваа универзална минимална стапка од 10 проценти, од која одредени производи се ослободени, американската царина ќе […]

Трамп го продолжи рокот за продажба на ТикТок за уште 75 дена


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека го продолжува рокот за продажба на социјалната мрежа ТикТок за дополнителни 75 дена, бидејќи „трансакцијата бара повеќе работа“ иако смета дека е постигнат „голем напредок“ на овој план. Веќе на крајот на јануари, американскиот претседател го одложи за прв пат, за 75 дена, стапувањето во сила на законот […]

Трамп го покажа златниот билет: Оние кои го имаат ќе останат трајно во САД (Видео)


Американскиот претседател Доналд Трамп на јавноста и покажа нова „златна карта“ вредна пет милиони долари со сопствен лик, која ќе им овозможи на побогатите мигранти да добијат зелена карта, односно постојан престој во Соединетите Американски Држави. „За пет милиони долари ова може да биде ваше“, им рече Трамп на новинарите во Ер Форс 1. 🚨Update: […]

САД го прекинаа емитувањето на „Радио Слободна Европа“ во Русија, Украина, централна Азија и Источна Европа


САД го прекинале договорот за сателитски услуги за емитување на „Радио Слободна Европа/Радио Слобода“ (РСЕ/РС)) на територијата на Русија и околниот регион, изјави синоќа Стивен Капус, извршен директор на медиумот. Блокадата е дел од наредбата на претседателот Доналд Трамп за затворање на Агенцијата за глобални медиуми на САД (УСАГМ), која го финансираше РСЕ. -Денеска дојдовме […]

ДПА: Рубио рекол дека Трамп го губи трпението со Путин


На американскиот претседател Доналд Трамп му истекува трпението со Русија додека се обидува да преговара за прекин на огнот во Украина, изјавија денеска за ДПА извори од НАТО. Министрите за надворешни работи на НАТО се состанаа во Брисел втор ден за да разговараат за зајакнување на одбранбените капацитети на алијансата, поради европските стравови од експанзионистичка […]