Капетановиќ: Иднината на Југоисточна Европа зависи од соработката и споделената одговорност


– Прегледот на тековните напори за регионалната соработка и идните приоритети, со посебен фокус на имплементацијата на Стратегијата 2030 за Југоисточна Европа (СEE2030), беа главна тема на брифингот во Брисел на генералниот секретар на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Амер Капетановиќ со амбасадорите во ЕУ на државите вклучени во Процесот за соработка во Југоисточна Европа […]

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за запишување на странски студенти


Универзитетот Харвард денеска поднесе тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради забраната за запишување на странски студенти. Во тужбата поднесена до федералниот суд во Бостон, Универзитетот наведе дека со владината одлука се крши Првиот амандман и ќе има „непосредни и катастрофални последици за Харвард и повеќе од 7.000 странски студенти од дури 100 […]

Русија нема да води преговори со Украина во Ватикан, објави Лавров


  Одржувањето преговори меѓу Русија и Украина во Ватикан е нереално и нема потреба да се трошат „ментални способности“ за разработка на оваа опција, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Замислете го Ватикан како место за преговори, малку е неелегантно, би рекол, кога православните земји ќе разговараат за прашања поврзани со елиминирање на […]

Неверојатно: Политичар во Австралија се збогува со парламентот на посебен начин, пиеше пиво од патика


Пратеникот од лабуристичката партија на Западна Австралија, Кајл Мекгин, предизвика шок низ парламентот откако одлучи да го одбележи својот последен ден како парламентарец на посебен начин. Мекгин, кој беше пратеник во Парламентот во два мандата за прашањата за рударство и сточарство, го заврши својот проштален говор со типично австралиско збогум кога ја соблече патиката, сипа […]

Тајланд регистрира 50.000 случаи на Ковид19 за една недела, нов вид го поттикнува растот


Тајланд регитрира над 50.000 нови случаи на Ковид19 за само една недела, при што здравствените власти предупредуваат дека порастот, поттикнат од видот Омикрон XEC, кој бргу се шири, сè уште не го достигнал својот врв. Според Џурај Вонгсават, портпаролка на Одделот за контрола на болести, меѓу 11 и 17 мај биле забележани 49.065 случаи, а […]

Бившиот шеф на украинската војска Залужни: Украина не може да се врати на границите од 2022


    Украина треба да се откаже од обидите за враќање на границите воспоставени со падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, па дури и оние од времето кога започна руската инвазија на Украина во 2022 година, изјави поранешен украински воен командант во четвртокот. Валериј Залужни, амбасадорот на Украина во Лондон, беше отстранет од функцијата […]

Тежок удар за сајбер криминалците: Запленети се 3,5 милиони евра во криптовалути


Киберкриминалците ширум светот претрпеа големи нарушувања откако органите за спроведување на законот и судските органи, во координација на Европол и Евроџаст, ја демонтираа клучната инфраструктура зад малициозниот софтвер што се користи за лансирање напади со рансомвер. Ransomware е вид на малициозен софтвер (малвер) кој ги заклучува или шифрира податоците на заразениот компјутер, а потоа бара […]

Нетанјаху именува нов шеф на домашната разузнавачка служба


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го назначи генерал-мајорот Давид Зини за шеф на домашната разузнавачка служба Шин Бет, соопшти неговиот кабинет, и покрај правните приговори од државниот обвинител. Зини, кој „служеше на многу оперативни позиции и команди во Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе ја преземе функцијата на 15 јуни од Ронен Бар, досегашниот шеф на агенцијата. […]

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди индонезискиот остров Суматра


Земјотрес со јачина од 6,3 степени денеска го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на земјата (БМКГ). БМКГ ја процени длабочината на земјотресот на околу 10 километри. Тој се случил околу 3 часот по полноќ по локално време. Германскиот истражувачки центар за геонауки ја измери јачината на земјотресот на 5,8 […]

Трамп му покажа на претседателот на ЈАР видео од „гробница на белци“, што всушност е споменик


Доказите за наводни масовни убиства на бели Јужноафриканци што американскиот претседател Доналд Трамп ги презентираше на состанокот со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса во Белата куќа во среда вклучуваа слики од Демократска Република Конго, додека снимките прикажани за време на состанокот беа лажно претставени како да прикажуваат „масовни гробници“. „Сите овие се бели земјоделци кои се […]

Г7 се обединуваат за да ги стабилизираат пазарите


Министрите за финансии и гувернерите на централните банки од Групата седум (Г7) водечки економии ветија дека ќе работат заедно за да ги стабилизираат глобалните пазари. Во завршна декларација издадена синоќа, највисоките финансиски претставници на Г7 изјавија дека имаат за цел да остварат заеднички политички цели во услови на сложени глобални предизвици. Состанокот, одржан во канадскиот […]

ФБИ: Напаѓачот им пукал во грб на израелските дипломати, продолжил и откако паднале на земја


Мажот осомничен за убиство на двајцата вработени во израелската амбасада во Вашингтон се наведнал над нив и продолжил да пука откако тие веќе биле на земја, соопшти американското ФБИ. Елиас Родригез, 31, е обвинет за убиство на Сара Милгрим и нејзиното момче, Јарон Лишински. Пријателите и членовите на групите на кои им припаѓале убиените рекоа […]

Се зголемува бројот на загинати во поплавите на источниот брег на Австралија


Полицијата на Нов Јужен Велс утрово соопшти дека тело на маж е пронајдено во автомобил потопен во поплавни води во близина на Кофс Харбор, пренесе ДПА. Обилните дождови предизвикаа сериозни поплави долж источниот брег на Австралија, при што помалите градови на Средниот северен брег се меѓу најтешко погодените. Австралискиот премиер Ентони Албанезе и премиерот на […]

Нуклеарните преговори меѓу САД и Иран влегуваат во критична фаза


Преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за контроверзната иранска нуклеарна програма денеска треба да влезат во одлучувачка фаза со состанок во италијанскиот главен град. Во Рим на петтата рунда разговори се очекуваат американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Заливската држава Оман посредува меѓу двете земји. САД бараат иранската влада […]

Првиот човек на СЗО го повика Израел да покаже „милост“ во војната во Газа


Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус го повика Израел да покаже „милост“ во војната во Газа и инсистираше дека мирот е во интерес на самиот Израел. Во вчерашниот говор на годишното собрание на СЗО, Гебрејесус рече дека војната му штети на Израел и дека нема да донесе трајно решение. – Можете да […]

Судија ја блокираше наредбата на Трамп за распуштање на Министерството за образование и отпуштање вработени


 Американски федерален судија ја блокираше извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за распуштање на Министерството за образование и нареди враќање на работа на многу од вработените во министерството кои беа отпуштени од работа. Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата. Окружниот судија на САД, Мјонг Џоун, во Бостон издаде прелиминарна забрана со […]

Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти


Администрацијата на Доналд Трамп денеска соопшти дека го одзела правото на Харвард да запишува странски студенти по ескалацијата на борбата меѓу претседателот и престижниот универзитет. „Со стапување во сила веднаш, сертификацијата за Програмата за студенти и посетители на размена (SEVIS) на Универзитетот Харвард е одземена“, напиша министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем во писмо до […]

Како Владимир Путин го претвори Бразил во фабрика за шпиони


  Руската разузнавачка служба го претвори Бразил во вистинска производствена лента за „производство“ на своите тајни шпионски оперативци, но тим бразилски агенти успеа да ја разоткрие и демонтира оваа тајна мрежа во последниве години, пишува „Њујорк тајмс“ во својот специјален истражувачки извештај од четвртокот. Еден од клучните членови на шпионскиот октопод бил извесен Артем Шмирев, […]

Авион се урна во станбена зона: Изгореа неколку куќи, се бараат патници


Мал авион се урна во Сан Диего, а во неколку соседни области беше наредена евакуација на населението. Полицијата им наложи на луѓето да ја избегнуваат погодената област. Мал авион се урна во станбена зона во американскиот град Сан Диего во четврток наутро, потврдија официјални лица. На местото на несреќата, помошникот началник на противпожарната и спасувачка […]

Велика Британија потпиша договор за предавање на суверенитетот над спорните острови Чагос на Маврициус


Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека потпишал  договор со кој суверенитетот над островите Чагос во Индискиот Океан му се враќа на Маврициус. Архипелагот е значаен  поради стратешки важна воена поморска и воздухопловна база на најголемиот од островите, Диего Гарсија. Стармер рече дека договорот ја обезбедува иднината на базата, која е „во самата основа на […]