Јапонскиот министер за земјоделство поднесе оставка откако се пофали дека добива бесплатен ориз


Јапонскиот министер за земјоделство Таку Ето денеска поднесе оставка откако коментарите што ги даде дека добива бесплатен ориз предизвикаа негативни реакции, јави новинската агенција Кјодо. Ето се извини за тоа што рече дека добива толку многу ориз од своите поддржувачи што не треба да купува, во екот на вртоглавиот раст на цените на оризот во […]

Нови разузнавачки информации сугерираат дека Израел подготвува можен напад врз иранските нуклеарни постројки


САД добија нови разузнавачки информации кои сугерираат дека Израел се подготвува да ги нападне иранските нуклеарни постројки, дури и додека администрацијата на Трамп се обидува да постигне дипломатски договор со Техеран, изјавија за Си-Ен-Ен повеќе американски официјални лица запознаени со најновите разузнавачки податоци. Таков напад би претставувал дрско кршење на политиката на претседателот Доналд Трамп, […]

Дводневно заседание на ЕП, на агендата Газа, ЦБАМ, руските енергенси и единствениот пазар


Случувањата во Газа, еколошкиот механизам ЦБАМ, планот за постепено исфрлање од употреба на руските енергенси и Стратегијата за единствениот пазар на ЕУ ќе бидат главните теми на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Брисел.  Сесијата почнува попладнево со дебата на европратениците со претставници на Советот на ЕУ и на Европската комисијата за одговорот на Унијата […]

Шокантен разговор на Трамп со европските лидери по телефонскиот повик со Путин


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски и пет други европски лидери се придружија на телефонски конференциски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп веднаш по неговиот разговор со Владимир Путин, надевајќи се оти ќе слушнат дека рускиот претседател се согласил на прекин на огнот, или барем дека Америка ќе му воведе санкции доколку одбие да го стори […]

Поради намалувањето на придонеси oд државите, една четвртина од вработените во УНХЦР можно е да бидат отпуштени


Поради намалување на буџетот, Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) веројатно ќе укине помеѓу 3.000 и 4.000 работни места низ целиот свет, што е околу една четвртина од нешто повеќе од 13.000 вработени, процени денеска синдикатот на таа меѓународна организација. Портпаролот на УНХЦР, Метју Салтмарш, изјави дека се уште нема информации за бројот на […]

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија


 Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево одлучија да ги укинат економските санкции врз Сирија, објави високата дипломатка на ЕУ, Каја Калас, јави ДПА. „Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија“, напиша Калас на X. „ЕУ отсекогаш стоела покрај Сиријците во текот на последните 14 години – и […]

Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“


Вaшингтон – Администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трам се обратила до Катар со иницијатива да купи авион „Боинг 747“ што би се користел како привремена замена за претседателскиот авион Air Force One, што треба да биде испорачан дури во 2027 година, дознава „Си-ен-ен“. Вредноста на авионот се проценува на околу 400 милиони долари. Трамп претходно тврдеше […]

Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува план според кој речиси 200.000 украински државјани би биле депортирани од Соединетите Американски Држави, со помош на средства наменети за странска помош, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на нацрти на интерни документи во кои имал увид. Според планот, Вашингтон има намера да издвои околу 250 милиони долари од […]

Невреме во Франција: Три лица го загубија животот, две се водат како исчезнати


Три лица го загубија животот, а две се водат како исчезнати во невремето што денеска го погоди департманот Вар на југоистокот на Франција, соопштија официјални претставници. Најлошо погодени во невремето се Лаванда, Борм-ле-Минос и Кавалиер, објави веб-страницата на Франсблу. Три лица ги загубија животите во Лаванду и Видобан, соопшти жандармеријата, објави телевизиската станица БфмТВ. Невремето […]

Британија ги прекина трговските разговори со Израел поради Газа


  Велика Британија ги прекина преговорите за договор за слободна трговија со Израел, како одговор на израелската блокада за помош за Газа. Прекинувањето на преговорите беше објавено како дел од пакет мерки, вклучувајќи санкции за три лица, два нелегални доселенички пунктови и две организации кои го поддржуваат насилството врз палестинските заедници на Западниот Брег. Во […]

Кенеди: СЗО е институција „на смртна постела“


Американскиот секретар за здравство и социјални политики Роберт Ф. Кенеди Помладиот обраќајќи се на годишната конференција на Светска здравствена организација преку видеопорака наведе дека СЗО е „бирократски надуена“ институција која „е на смртна постела“. – Ги повикувам министрите за здравство од целиот свет и СЗО да го сфатат нашето повлекување од организацијата како повик за […]

Гневниот Нетанјаху ги нападна Стармер, Макрон и Карни


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху жестоко ги нападна лидерите на Франција, Велика Британија и Канада откако тие се заканија со „целни санкции“ поради обновената воена офанзива на Израел во Газа. Шефовите на британските, француските и канадските влади во заедничка изјава во понеделник ја осудија „неподносливата“ хуманитарна ситуација во опколената крајбрежна енклава и го повикаа Израел […]

Велика Британија и Европа ја таргетираат Русија со големи санкции по телефонскиот разговор Путин-Трамп


Велика Британија и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот разговор во понеделник меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донесе никакви значајни отстапки од Москва. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја обвини Русија дека „се обидува да купи време за да ја продолжи својата војна и окупација“. Велика Британија соопшти дека […]

Велика Британија и Европа воведоа големи санкции против Русија по телефонскиот разговор Путин-Трамп


  Велика Британија и Европа најавија големи санкции против Русија откако стана јасно дека телефонскиот разговор од понеделник помеѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не успеа да донесе никакви значајни отстапки од Москва. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја обвини Русија дека „се обидува да купи време за да ја продолжи својата војна и окупација“. Велика […]

Размислувате за патување во Барселона ова лето? Внимавајте што ќе најдете


Демонстрантите во Барселона користеа водени пиштоли за да ги одвратат  туристите што ја посетуваа Саграда Фамилија минатиот месец. Здруженијата на жители на Мајорка објавија отворено писмо со кое апелираат до туристите да се држат подалеку од островот. Се очекуваат повеќе вакви акции на Канарските Острови, Малага и на други места, додека Шпанија се подготвува за […]

Трамп ги врати мировните преговори меѓу Украина и Русија на почетна точка – таму каде што Путин ги сака


По повеќе од три години застој во дипломатијата, изминатите неколку дена донесоа наплив на активности во мировниот процес меѓу Русија и Украина – за жал, без никаков значаен напредок. Долгоочекуваните мировни преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул – најавени како први сериозни преговори од 2022 година – дојдоа и поминаа со малку повеќе од […]

Русија почна да ја губи војната во Украина


Рускиот претседател Владимир Путин е вешт во избегнувањето на оптиката на поразот. Тој дојде на власт во 2000 година, покажувајќи авторитет во тековната војна на Русија против отцепениот регион Чеченија, каде што Русија со текот на времето преовладуваше. Тој се претстави како одлучувачки лидер во Грузија (преку Руско-грузиската војна во 2008 година), во Украина (преку […]

Кина ќе донира 500 милиони долари на СЗО во следните пет години


ЖЕНЕВА- Кина ќе донира дополнителна квота од 500 милиони долари на Светската здравствена организација во следните пет години, изјави вицепремиерот на Државниот совет на земјата пред Светското здравствено собрание во Женева во вторник. Лиу Гуоџонг вети поддршка од Кина за глобалното здравствено тело кое е потресено од повлекувањето на САД – туркајќи го во финансиска […]

Писториус: Путин дава „празни ветувања“ за прекин на огнот


Разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш покажа дека Москва сè уште не е подготвена да прави отстапки, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Путин само зборуваше за прекин на огнот под негови услови, кои вклучуваат Киев да се откаже од членството во НАТО, да ги отстапи […]

Кос: Украина ја заврши својата домашна задача, подготвена е да отвори кластер


Интегрирањето на Украина во ЕУ ќе биде клучен елемент на безбедносните гаранции кога ќе започнат мировните преговори, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос при пристигнувањето на Советот за надворешни работи во Брисел.  – Пораката за Украина ќе биде: останете силни, продолжете да се борите, продолжете да се браните, продолжете да се борите против корупцијата […]