Најдени докази дека палестински болничари и хуманитарци биле егзекутирани од Израел


Судски лекар кој ги прегледа телата на некои од 15-те болничари и палестински хуманитарни работници застрелани од израелските сили и закопани во масовна гробница во јужниот дел на Газа, рече дека има докази за убиство во стилот на егзекуција, врз основа на „специфичната и намерна“ локација на истрелите од непосредна близина. Палестинската Црвена полумесечина, палестинската […]

Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот


 Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на членовите на неговиот кабинет и на други блиски соработници дека Илон Маск, шеф на Одделот за ефикасност на владата на Соединетите Американски Држави ДОГЕ (DOGE), наскоро ќе се повлече од позицијата, објави денеска американскиот портал Политико, повикувајќи се на три извори блиски до Трамп. Според Политико, Трамп и […]

Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица, хунтата прогласи примирје во граѓанската војна


 Владејачката хунта во Мјанмар денеска прогласи привремен прекин на огнот во граѓанската војна за да ги олесни напорите за помош по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, во кој според последните податоци загинаа повеќе од 3.000 лица. Соопштението на високата воена команда е објавено денеска на државната телевизија МРТВ, во кое се […]

Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на денешната прес-конференција пред дводневниот Самит на министрите за одбрана истакна дека е убеден дека Алијансата ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од сојузот. – САД повеќепати го потврдија членот 5 од Вашингтонскиот договор, но јасно кажаа дека очекуваат од сојузниците повеќе да трошат на одбраната. […]

Трка за Врховниот суд на Висконсин: Сузан Крафорд го порази кандидатот поддржан од Маск


Сузан Крафорд ја победи трката за место во Врховниот суд на Висконсин, што претставува голема победа за демократите, кои ја претставија изборната трка како референдум за популарноста на Илон Маск и Доналд Трамп, пренесува Гардијан. Крафорд, либерална судијка од округот Дејн, го порази Бред Шимел, поранешен републикански државен обвинител и конзервативен судија од округот Вокеша, откако […]

„Kултурната револуција“ на Трамп ќе ја направи голема Кина


Во денешниот свет САД се револуционерна — поточно реакционерна — сила, додека наводно комунистичка Кина – е статус кво сила. Во овој поглед, ЕУ има повеќе заедничко со Кина. На владетелите на Кина им се допаѓа начинот на кој се движи светот и самата Кина. ЕУ не е толку самозадоволна. Свесни за своите економски и […]

Американски сенатори и се заканија на Русија со нови санкции


Група од 50 американски сенатори, републиканци и демократи, се заканија со нови санкции против Русија доколку таа не се вклучи во постигнувањето мир во Украина. – Тие санкции ќе бидат воведени доколку Русија одбие да се вклучи во преговори со добра волја за траен мир со Украина, или ако иницира нешто, вклучително и воена инвазија, […]

Разоткриена голема педофилска мрежа во повеќе од 30 земји! Некои се осомничени за активна злоупотреба


Уапсени се 79 лица, јави агенцијата ДПА. Европол објави дека во меѓународна операција, во која учествувале истражители од повеќе од 30 земји, била разбиена огромна мрежа на педофили со речиси 2 милиони корисници ширум светот. Уапсени се 79 лица, јави агенцијата ДПА. Велат дека ова е досега најголемата операција против сексуална злоупотреба на деца во […]

Казахстан најави отворање на најголемото наоѓалиште за ретки метали во земјата


Казахстан денеска најави отворање на наоѓалиште што содржи околу еден милион тони ретки метали, наводно најголемото во оваа огромна централноазиска земја, богата со природни ресурси. Изјавата е објавена во пресрет на самитот Централна Азија-Европска унија во Узбекистан, на кој ќе присуствуваат лидерите на пет централноазиски земји, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на […]

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар надмина 2.800, надежите за преживеани се намалуваат


Бројот на загинати од силниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 2.886, според владејачката воена хунта, при што повеќе од 4.600 луѓе се повредени, а околу 370 се уште се водат како исчезнати по пет дена. Водачот на Хунтата Мин Аунг Хлаинг денеска изјави дека надежите за пронаоѓање на уште преживеани под урнатините се намалуваат. […]

Тарифите на Трамп ќе ги погодат фармацевтските производи, храната и модата, изјави шефот на италијанската индустрија


Тарифите од САД ќе го погодат италијанскиот фармацевтски сектор, извозот на храна и многу важната модна индустрија во земјата, изјави Емануеле Орсини, шеф на главната индустриска организација во Италија, јави Би-Би-Си. Тој повикува на намалување на каматните стапки за да се неутрализираат овие ефекти, но на подолг рок, тој вели дека трговијата во Европа треба […]

Масовните отпуштања насочени кон 10.000 работни места ги погодија американските здравствени агенции


Масовни отпуштања почнаа денеска во големите американски здравствени агенции, додека администрацијата на Доналд Трамп тргнува во сеопфатно и научно оспорувано реструктуирање кое ќе укине 10.000 работни места. Американскиот министер за здравство Роберт Ф.Кенеди рече дека отпуштањата се дел од големата реформа на неговиот оддел, со цел пренасочување на напорите за превенција на хроничните болести. Нарекувајќи […]

Поранешни светски лидери ја повикуваат ЕУ да го задржи својот став за климатските прашања


Група поранешни светски лидери ја повикуваат Европа да ги продолжи своите еколошки политики дури и кога трговските војни и трошоците за одбрана имаат предност пред климатските грижи, изјави  поранешната ирска претседателка Мери Робинсон. „Постарите“, група формирана од поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела, се очекува да се сретне со претставници на ЕУ и НАТО кон крајот […]

Американски сенатор зборуваше 25 часа во Сенатот против политиките на Трамп


Сенаторот од редовите на Демократската партија, Кори Букер, постави нов рекорд во американскиот Сенат, држејќи говор повеќе од 25 часа без прекин, протестирајќи против политиките на Доналд Трамп.  – Се исправам овде со намера да го нарушам нормалниот тек на работа во Сенатот на САД, и ќе стојам додека сум физички способен. Се исправам вечерва, […]

Поранешни светски лидери ја повикуваат ЕУ да го задржи својот став за климатските прашања


Група поранешни светски лидери ја повикуваат Европа да ги продолжи своите еколошки политики дури и кога трговските војни и трошоците за одбрана имаат предност пред климатските грижи, изјави  поранешната ирска претседателка Мери Робинсон. „Постарите“, група формирана од поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела, се очекува да се сретне со претставници на ЕУ и НАТО кон крајот […]

Елисејска палата: Данска ќе купи неколку стотици ракети Мистрал 3 од Франција


Франција ќе и испорача на Данска неколку стотици ракети земја-воздух Мистрал 3 според договорот постигнат вчера за време на државната посета на кралот Фредерик Десетти на Париз, објави Елисејската палата. Данска, која неодамна одвои дополнителен буџет од речиси 7 милијарди евра за својата одбрана, најави и купување 130 фински оклопни транспортери „Патрија“ за 254 милиони […]

Повеќе од 20 лица загинаа во експлозија и пожар во магацин за огномет во Индија


 Најмалку 21 лице загина во експлозија проследена со пожар во голем магацин за огномет во Западна Индија. Шест лица се повредени во експлозијата што се случи во државата Гуџарат, објави агенцијата ПТИ и други индиски медиуми, повикувајќи се на локалните власти. Повеќето од жртвите биле работници во зградата.  Соопштено е дека во магацинот можеби нелегално […]

Украински дронови погодија станбени згради во Русија, прогласена вонредна состојба во Таганрог


Две лица се полесно повредени во напад на украински беспилотни летала во текот на ноќта во Таганрог во руската област Ростов, а пожар избувнал во една станбена зграда, изјави вршителот на должноста гувернер Јуриј Сљусар. Според него, пожарите биле брзо изгаснати. Претходно беше соопштено дека во нападот биле оштетени две станбени згради, а 85 лица […]

ЕУ длабоко загрижена поради ситуацијата во Турција


 Еврокомесарката за проширување Марта Кос синоќа изрази „длабока загриженост“ на Европската Унија поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, и соопшти дека ги откажува планираните посети на Турција поради случувањата таму. – Апсењето на избран функционер и водечки претставник на опозицијата веднаш откако ја објави својата кандидатура за претседател на државата отвора фундаментални прашања. […]

Републиканците освоија уште две места во Конгресот на вонредните избори во Флорида


 Републиканците Џими Патронус и Ренди Фајн победија на синоќешните вонредни избори во два окрузи на Флорида за да ги пополнат испразнетите места во Конгресот. Патронус, финансискиот шеф на државата, успеа да го победи кандидатот на Демократската партија. Тој ќе го пополни местото во првиот округ на северозападна Флорида, што беше празно од поранешниот конгресмен Мет […]