Меркел во јануари во дводневна посета на Атина


Грција– Германската канцеларка Ангела Меркел, ќе ја посети Атина, најверојатно на 10 и 11 јануари, објави грчкиот весник „Катимерини“. Причината за дводневната посета, според весникот, е да изрази поддршка за грчката влада во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент и да испрати позитивна порака по излезот на Грција од меморандумите. -Изборот […]

Трамп го потпиша указот за повлекување на американските војници од Сирија


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за претстојното повлекување на американските војници од Сирија. Ова го соопшти претставник на Пентагон кој не кажа други детали. Трамп во петокот објави дека ќе ги повлече американските војници од Сирија, нагласувајќи дека „Исламска држава“ е победена. Според американски официјални претставници, повлекувањето на повеќе од 2.000 американски војници […]

Хоророт во Индонезија не е завршен: Земјотрес од 5 степени на Суматра


За помалку од 24 часа откако земјата ја погоди цунами и однесе стотици животи, се случи и земјотрес. Според Рихтеровата скала, земјотресот изнесувал 5 степени и го погоди западниот дел на Суматра, соопштија Агенцијата за геолошки истражувања. Земјотресот се случил во 15:03 часот по средноевропско време на оддалеченост од 26 километри југозападно од градот Тикуа. […]

Трамп и Ердоган разговарале за повлекувањето на војската на САД од Сирија


Трамп: Имав долг и продуктивен разговор со Ердоган Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска имал долг и продуктивен разговор со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган за „бавното и исклучително координирано“ повлекување на американската војска од Сирија. – Разговаравме за Исламска држава, за нашето заедничко ангажирање во Сирија, како и за бавното и исклучително координирано […]

Папата Франциск со молитва за жртвите од цунамито во Индонезија


Папата Франциск денеска се молеше за загинатите, исчезнатите и останатите без дом по цунамито што ја зафати Индонезија. Папата пред туристите и верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан рече дека во мислите е со индонезискиот народ, кој беше „погоден од моќна природна катастрофа“. – Доживувам духовна блискост со тие што останаа без дом или […]

Патрик Шенахан нов шеф на Пентагон


Заменик министерот за одбрана на САД, Патрик Шенахан од 1 јануари ќе биде вршител на должноста шеф на Пентагон, на местото на Џејмс Матис, кој поднесе оставка по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече војската од Сирија. – Со задоволство објавувам дека нашиот многу талентиран заменик министер за одбрана Патрик Шенахан ќе […]

Трамп: Друг да ја повлечеше војската од Сирија ќе беше херој


Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека „кој било друг, освен него, да објавел дека планира да ја врати војската од Сирија, по уништувањето на Исламска држава во таа земја, ќе беше најпопуланиот херој во Америка“. Трамп на тој начин одговори на реакциите што следеа по неговата одлука да ја повлече американската војска од […]

„Шпигел“: Можно обвинение против Релотиус поради барање донации


Новинарот на германскиот неделник „Шпигел“, Клас Релотиус, кој измислуваше информации за своите текстови, може да биде обвинет дека од читателите собирал донации за сиромашните во Сирија. „Шпигел“ денеска соопшти дека Релотиус преку приватен имеил ги повикувал своите читатели да даваат донации кои биле уплаќани на неговата банкарска сметка. Весникот наведува дека не е познато колку […]

(ВИДЕО) Зошто Индонезија немаше предупредување за цунамито?


Во неочекуваниот удар на цунами во крајбрежните области меѓу индонезиските острови Суматра и Јава загинаа над 200 лица, а околу 800 се повредени. Спасувачките екипи на секоја минута извлекуваат повредени кои се затрпани под објектите кои се срушија. Би-Би-Си анализира зошто индонезискиот народ не бил предупреден дека ќе се случи вакво цунами и дали трагедијата […]

Салвини им одговори на новинарите: Нормален човек сум, некогаш и грешам


Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска реагираше на критиките на новинарите поради статуси што ги објавува на Инстаграм, порачувајќи дека со тоа покажува дека е „нормална личност“, што за новинарите претставува „голем дефект“. – Јас сум нормална личност која оди и на пазар и личност која греши, но со добра намера. […]

Макрон: Жалам за одлуката на САД за повлекување на војската од Сирија


Сојузникот мора да биде сигурен, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во Нджамена, околу повлекувањето на САД од Сирија, одлука за која што „длабоко жали“. – Длабоко жалам за одлуката донесена од САД за повлекувањето од Сирија, рече Макрон, додавајќи дека „сојузникот мора да биде сигурен“. Тој притоа му оддаде почит на шефот на Пентагон, Џим […]

НОРАД ќе го следи патот на Дедо Мраз, покрај делумната блокада на Владата на САД


САД – Северноамериканската воздушно-космичка воена команда (НОРАД) ќе ја проследи маршрутата на санките на Дедо Мраз и покрај делумниот прекин на активностите на Владата на САД. Вооружените сили на САД денеска ги информираа децата дека НОРАД ќе им каже кога ќе ги добијат своите подароци на Божик. За настанот се пријавени стотици волонтери во воздухопловната база „Питерсен“ […]

Новинарот на „Шпигел“, кој пишувал лажни стории, ги крадел донациите за децата од Сирија


Влијателниот германски неделник „Шпигел“ објави дека ќе поднесе тужба против својот новинар кој злоупотребил донации за деца бегалци од војната во Сирија, соопштува АФП. Триесет и тригодишниот Клас Релотиус претходно овој месец поднесе оставка откако призна дека фалсификувал статии и измислувал личности во приказните во над десетина свои статии објавени во печатеното и онлајн изданието […]

Русин ограбил банка на норвешки остров без план за бегство


Норвешкиот град на архипелагот Свалбард во близина на Арктикот го доживеа првиот грабеж на банка во својата историја. Крадецот без план за бегство за кратко време бил уапсен во гратчето каде што сите се познаваат. Рускиот турист упаднал во банка во гратчето Лонгјербјен на архипелагот Свалбард во Северниот Океан и им се заканувал на службениците […]

Индија изврши успешен тест на балистичка ракета


Индија соопшти дека денеска успешно тестирала балистичка рекета од типот „Агни-4“, која може да носи и нуклеарна боева глава. Ракетата била лансирана од воен полигон на остовот Абдул Келам во Бенгалскиот Залив, крај брегот на индиската сојузна држава Одиша и ја погодила замислената цел. – Ракетата, која е една од најновите, има модерна и компактна […]

Се зголемува бројката: Досега 222 загинати при цунамито во Индонезија


Најмалку 222 лица загинаа, а над 840 се повредени минатата ноќ при налет на цунами во крајбрежните области меѓу индонезиските острови Суматра и Јава, предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау. – Загинаа 222 лица, 843 се повредени, а 28 се водат како исчезнати, соопшти портпаролот на индонезиската Агенција за справување со елементарни непогоди, Сутопо […]

„Блумберг“: Трамп размислува за смена на шефот на ФЕД


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп изминативе денови во неколку наврати со своите соработници разговарал за смена на претседателот на Управата на федералните рерзеви (ФЕД), Џером Пауел, тврди „Блумберг“, повикувајќи се на неименувани извори во Белата куќа. Според овие извори, Трамп бил незадоволен од Пауел по овонеделната одлука на ФЕД, која ја има улогата на централна […]

(ВИДЕО) Цунамито ги однесе и бината, и бендот, и публиката


Најмалку 168 лица загинаа, а се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголемува откако вулканот Кракатоа експлодира и предизвика цунами кое ги потопи плажите во Индонезија. Големи бранови, кои го погодија индонезискиот брег во саботата вечер, уништија 430 куќи, 9 хотели и 10 брода. На едно од вознемирувачките видеа од катастрофата е снимен моментот […]

Деветмина загинати при пожар во рудник во Русија


Девет рудари загинаа при пожар во рудник во близина на градот Соликамск, на околу 1.500 километри североисточно од Москва. Властите на регионот Перм, на чија територија се наоѓа рудникот, утрово соопштија дека спасувачките екипи досега ги пронашле телата на осуммина од загинатите рудари, додека по деветтиот и натаму се трага. Рудникот за калиумов карбонат е […]

Куба го менува уставот: Одобрен предлог-текстот за уставни измени


Кубанското Национално собрание синоќа го одобри предлог-текстот за новиот устав на Куба, кој треба да биде одобрен на референдум закажан за 24 февруари идната година. Согласно предложениот текст, Куба и натаму останува држава со централно планирана економија и под управа на Комунистичката партија, но првпат во Револуцијата во 1959 година се дозволува приватна сопственост и […]