Трамп и Ердоган разговарале за повлекувањето на војската на САД од Сирија


Трамп: Имав долг и продуктивен разговор со Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска имал долг и продуктивен разговор со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган за „бавното и исклучително координирано“ повлекување на американската војска од Сирија.

– Разговаравме за Исламска држава, за нашето заедничко ангажирање во Сирија, како и за бавното и исклучително координирано повлекување на американската војска од таа област. По многу години се враќаат дома, напиша Трамп на Твитер.

Двајцата претседатели разговарале и за трговијата меѓу двете земји.