Новинарот на „Шпигел“, кој пишувал лажни стории, ги крадел донациите за децата од Сирија


Влијателниот германски неделник „Шпигел“ објави дека ќе поднесе тужба против својот новинар кој злоупотребил донации за деца бегалци од војната во Сирија, соопштува АФП.

Триесет и тригодишниот Клас Релотиус претходно овој месец поднесе оставка откако призна дека фалсификувал статии и измислувал личности во приказните во над десетина свои статии објавени во печатеното и онлајн изданието на списанието.

Од „Шпигел“ изјавија дека добиле информации дека Релотиус покренал кампања меѓу читателите за собирање средства за помош на сириските деца кои живеат на улица во Турција, чија судбина ја опишува во една своите стории. Според неделникот, новинарот отворил банкарска сметка од која ги пренасочувал донациите кон неговата лична штедна книшка.