Салвини им одговори на новинарите: Нормален човек сум, некогаш и грешам


Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска реагираше на критиките на новинарите поради статуси што ги објавува на Инстаграм, порачувајќи дека со тоа покажува дека е „нормална личност“, што за новинарите претставува „голем дефект“.

– Јас сум нормална личност која оди и на пазар и личност која греши, но со добра намера. Таков бев пред да станам министер, таков сум и сега. Поседувам особина која за вас е голем дефект, а за мене е доблест“, рече Салвини.

Тој додаде дека италијанските новинари можеби повеќе сакаат политичари кои работат затворени во министерствата.

Салвини е познат по активностите на социјалните мрежи, каде што реагира на различни теми. Денеска преку Фејсбук им порача на граѓаните „за Нова година да запалат некоја петарда помалку“.