Патрик Шенахан нов шеф на Пентагон


Заменик министерот за одбрана на САД, Патрик Шенахан од 1 јануари ќе биде вршител на должноста шеф на Пентагон, на местото на Џејмс Матис, кој поднесе оставка по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече војската од Сирија.

– Со задоволство објавувам дека нашиот многу талентиран заменик министер за одбрана Патрик Шенахан ќе биде вршител на должноста министер за одбрана од 1 јануари 2019 година. Патрик има долг список на остварувања што ги постигна додека беше заменик и претходно во „Боингот“. Тој ќе биде одличен, напиша Трамп на Твитер.