Русин ограбил банка на норвешки остров без план за бегство


Норвешкиот град на архипелагот Свалбард во близина на Арктикот го доживеа првиот грабеж на банка во својата историја. Крадецот без план за бегство за кратко време бил уапсен во гратчето каде што сите се познаваат.

Рускиот турист упаднал во банка во гратчето Лонгјербјен на архипелагот Свалбард во Северниот Океан и им се заканувал на службениците во банката со пушка „маузер“, пишува РТ.

Крадецот набрзо бил уапсен бидејќи во малиот град сите се познаваат и, како што известуваат медиумите, изгледа дека немал план за бекство – затоа што единствениот начин да се напушти островот за време на поларните ноќи е преку локалниот аеродром.

РТ додава дека на локалното население и на туристите им е дозволено да носат оружје поради големиот број поларни мечки (3.000) кои го надминуваат бројот на населението на островот (2.000).

Русинот бил префрлен во најблискиот град на норвешко копно, Трумуз, каде што полицијата ќе го испита.