Финска од денеска ќе претседава со Советот на ЕУ


Финска- Финска денеска ќе го преземе ротирачкото шестмесечно претседавање со Европската унија. Ова е третпат, според утврдениот распоред, Финска како земја-членка на ЕУ, да претседава со Советот на ЕУ. Советот на ЕУ е тело кое ги собира министрите на земјите – членки и се состанува според одредени области, од земјоделство до надворешни и внатрешни прашања. […]

Меркел: Вечерва не очекува тешка работа околу именувањето


Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека изборот на кандидати за водечките позиции во Европската унија ќе биде тежок и дека е потребно повеќе време. – Ќе се обидеме да бидеме конструктивни, но неопходно е да избегнеме конфликт меѓу Европскиот совет и Парламентот, рече Меркел. Пред вечерашниот вонреден самит на ЕУ во Брисел, Меркел изјави дека целта […]

Топлотен бран во Европа, седуммина починати


Најмалку седум лица починаа во Европа како последица на високите температури, додека во Франција и Шпанија пожарите уништија голема површина земјиште. За време на викендот од жештините починаа две лица во Франција, две во Шпанија и три во Италија. Во францускиот регион Гард измерени се температури од 45,9 степени, а опожарени се 550 хектари земјиште, […]

(ВИДЕО) Пекинг добива нов аеродром: Голем е колку 25 фудбалски игралишта


Во Пекинг е завршена изградбата на меѓународниот аеродром Дасинг, кој според бројот на патници ќе биде најголем аеродром во светот. Аеродромот е оддалечен 46 километри од центарот на Пекинг, опфаќа површина од 1,4 милиони метри квадратни, а територијата на која се наоѓаат терминалите е со големина на 25 фудбалски игралишта, пренесуваат кинеските медиуми. Предвидено е […]

(ФОТО) Асмара е африканскиот бисер


Куќата Накфа, огромна градба според стандардите на Асмара, е остаток од последната ера на вистински оптимизам во Еритреја. Изградена во 1995 година, четири години откако земјата се отцепи од соседната Етиопија – радосна кулминација на 30-годишната борба за ослободување – Накфа имаше за цел да ја симболизира земјата со амбиции, а Асмара, главниот град, сакаше […]

Папата Франциск: Трамп и Ким добар пример за култура на средба


Папата Франциск денеска го поздрави состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, изразувајќи надеж дека тоа ќе доведе до мир. – Во текот на изминатите неколку часа во Кореја видовме добар пример за култура на средба. Ги поздравувам протагонистите, молејќи се дека таков значаен гест ќе биде уште еден чекор на […]

Вонреден самит во Брисел за водечките позиции на Унијата


Лидерите на ЕУ вечер ќе се состанат на вонреден самит во Брисел за да го продолжат процесот за именување на водечките позиции во институциите на Унијата. Тоа е трети самит од завршувањето на европските избори, на кој треба да се постигне консензус за тоа кој ќе ја претставува ЕУ во наредниот петгодишен период. ЕУ треба […]

Последици од поразот во Истанбул: Поранешните сојузници на Ердоган ќе формираат нова партија


Анкара – Двајца високи личности во владејачката партија на турскиот претседател Таип Ердоган планираат да покренат ривалска политичка група оваа година, велат луѓето што се запознаени со ова прашање, потег што би можел дополнително да ја поткопа поддршката за долгогодишниот лидер на земјата по исцрпувачкиот изборен пораз во Истанбул. Зад овие планови стојат поранешниот вицепремиер […]

Контролирана експлозија ги урна остатоците на паднатиот мост


Џенова – Шест секунди на контролирани експлозии ги избришаа остатоците од урнатиот мост во северниот италијански град Џенова во петокот, отворајќи го патот за нова структура за да го замени стариот вијадукт кој падна минатата година, при што загинаа 43 лица. Експлозиви ги урнаа двете кули на мостот Моранди, додека големи топови исфрлаа вода врз […]

(ВИДЕО) Историски момент: Трамп е првиот претседател на САД што влегол во Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров, се ракуваше со него, а потоа ја премина линијата која ги дели двете Кореи. Со тоа Трамп стана првиот американски претседател што стапнал на тлото на Северна Кореја. This is the moment @realDonaldTrump makes history by becoming […]

Филипини на Канада и вратија тони ѓубре


Во Канада пристигна товарен брод со тони канадски отпад, кој со години бил складиран на Филипини. Бродот пристигнал на терминал кај Ванкувер и довезол 69 контејнери ѓубре, соопштија локалните власти. Отпадот, потоа е претоварен во камиони до посебни места, каде ќе биде запален. Враќањето на отпадот во земјата каде настанал е епилогот на дипломатската криза […]

Турција и Египет годинава поатрактивни за летување поради поволните аранжмани


Анталија во Турција и Хургада во Египет годинава се топ-дестинациите што во летниот период ќе ги посетат македонските граѓани. Интересот за Грција е помал и традиционално се бараат апартмани или хотели од понизок ранг. Туристичките агенции со кои контактираше МИА велат дека годинава за 20 до 30 проценти е поголем интересот за одење на одмор […]

Самит на Г-20 во Осака: Малку можности за решавање на трговските бариери


Светските лидери се собраа во јапонскиот град Осака, на дводневен самит на Г-20, во време на зголемен број спорови и кризи, во кои се вклучени најголемите економии во светот. Според Си-ен-ен, се очекува лидерите зад затворени врати да разговараат за опасноста од судир меѓу Вашингтон и Техеран и трговската војна на САД и Кина. На […]

Три лица загинаа во поплавите во Русија


Три лица загинаа во поплавите во Иркутската област, a 351 се повредени меѓу кои и 33 деца, соопшти денеска претставник на руското Министерство за вонредни состојби. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин е информиран за ситуацијата со поплавите, но не одговори дали планира да го посети регионот. Поројните дождови предизвикаа […]

Последици на пеколниот бран: Три жртви во Италија, пожари во Франција и во Шпанија


Најмалку три лица починаа од високите температури во централна и во северна Италија, додека во Милано за 35 отсто е зголемен бројот на лица кои во побарале помош во болниците и во здравствените установи поради проблеми предизвикани од топлотниот бран. Во Милано значајно е зголемена потрошувачката на електрична енергија поради клима-уредите, поради што повремено доаѓа […]

Абе и Путин без решение за Курилските Острови


Јапонскиот премиер Шинѕо Абе и рускиот претседател Владимир Путин најавија економски иницијативи, но немаат напредок во решавањето на деценискиот територијален спор, кој се однесува на Курилските Острови. Во последните денови од Втората светска војна, Советскиот Сојуз ги зазеде четирите најјужни Курилски острови. Јапонија полага права на тие острови, кои ги нарекуваат Северните територии, и овој […]

Ердоган: Трамп рече дека нема да воведе санкции за Турција


Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД нема да воведат санкции на Турција поради нејзината одлука да набави руски одбранбени ракетни системи С-400, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, неколку часа по состанокот со Трамп. Ердоган на прес-конференција, по завршувањето на дводневниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака, рече дека Турција ја очекува […]

Меркел по шпекулациите за нејзиното здравје: Добро сум


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека го разбира интересот на новинарите за нејзината здравствена состојба бидејќи во последните две недели двапати во јавноста имаше напад на треперење и нагласи дека се чувствува добро. – Добро сум, рече Меркел (65) на крајот на дводневниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака. Таа додаде дека е […]

Зошто се тресе Ангела Меркел?


Германската канцеларка Ангела Меркел вторпат во десет дена предизвика внимание кај германската јавност. Таа во два наврата неконтролирано се тресеше пред телевизиските камери. Прво на 18 јуни кога стоеше покрај украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој беше во посета на Германија, а потоа додека стоеше покрај германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на церемонијата за поставување нов министер […]

Путин: Немаме агресивни намери кон никого


Русија нема агресивни намери кон кого било, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, по завршувањето на дводневниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака. Руската новинска агенција ТАСС пренесува дека Путин на тој начин ја прокоментирал оценката на британската премиерка Тереза Меј дека обновувањето на врските на Велика Британија со Русија е невозможно се додека […]